„Агенцијата за остварување на правта на заедниците (АОПЗ), покрај тоа што нема директни законски надлежности за вакви случаи, ќе ги искористиме сите наши механизми за соработка и координација со надлежните институции, со цел за надминување на постоечката состојба и подобрување на меѓуетничките односи во Кочани. Дополнително, ве информираме дека како АОПЗ активно соработуваме со критичките невладини организации на помалубројните заедници. За конкретниот случај, во текот на оваа недела, ќе имаме состанок и со дел од невладините организации кои работат на остварување, промовирање и заштита на правата на Ромите“, изјави Џелал Хоџиќ заменик директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците за ЦИВИЛ за случајот со претепаното дете во кочанско „Трајаново трло“.
Заев: Се договоривме да го обновиме раководството на СДСМ и да дадеме шанси на нови луѓе
„Радмила Шекеринска ја најави оставката и во разговор со мене сподели дека нема намера да се кандидира за заменик претседател за трет мандат. Заедно со Радмила во 2013 година, јас како претседател, а таа како заменик претседател, презедовме да го водиме СДСМ во едно извонредно тешко време. Јас ја почитувам. Покрај сите други и ѓраѓаните, таа е една од најзаслужните за нашето членство во НАТО, за кандидатскиот статус со ЕУ, за добиената одлука за почеток на преговори со ЕУ, и за многу процеси во државата важни за граѓаните. Знам дека ќе продолжиме понатаму да соработуваме, таа е мој другар или другарка без разлика каде ќе се најде во иднина во СДСМ или во општеството. Во општеството сигурно, секако заради целото нејзино искуство и верувам дека на многу заеднички проекти или предизвици ќе соработуваме во периодот кој што претстои“, рече Заев на новинарско прашање по пуштањето во употреба на Фотоволтаична централа во селото Теново во Општина Брвеница.
Царовска: Во училиште се учи љубовта кон планетата Земја
„Во глобалната акција за спасување на планетата Земја, децата односно учениците заземаат централно место. Подигнувањето на свеста за потребата од заштита на околината од најмали нозе, придонесува за иднината на целата Земја“, истакна министерката за образование и наука Мила Царовска на денешниот настан по повод Денот на планетата Земја – 22 април.