„За таа тема едногласно треба да се одлучи. Значи 26 земји членки се држат како заложници од некои мали национални интереси на една земја која прави штета на целата Европска Унија и го уништува нејзиниот кредибилитет на Западен Балкан. Не сакам да зборувам за Западен Балкан како наше соседство затоа што Западен Балкан е всушност дел од Европа и тие се поврзани, и ние сме сите поврзани со споделена и заедничка историја, и луѓето и економиите се многу повеќе испреплетени меѓусебе. Германија од таа страна ја поддржува политиката за проширување, денес фокусот е на Западен Балкан за да се обезбеди сигурност и стабилност на овој дел од Европа“, изјави германската амбасадорка во Северна Македонија, Анке Холштајн, додавајќи дека една силна ЕУ има потреба од силен и стабилен Западен Балкан и тоа отсекогаш било една од клучните цели на ЕУ и на самата политика на проширување.
Заев: Европа чувствува дека мора да направи исчекор за Северна Македонија
„Сите овие четири години имајќи ја честа да се среќавам со сите овие европски лидери, овојпат чувствувам навистина нивна подготвеност, верувам дека ќе бидат креативни во оние идеи коишто ги разработуваат, ги разгледуваат, тоа е нивна работа, не е моја да ја коментирам, веројатно ќе ја слушнете во текот на целиот овој процес. Се разработуваат идеи, што е уште еднаш потврда дека се комплетно фокусирани и сакаат да направат чекор затоа што ја отвораат и овде во ЕУ дискусијата дали навистина ЕУ останува посветена на проширувањето према западен Балкан и мора да дадат одговор на овие прашања“, изјави премиерот Зоран Заев по средбата со шефот на Европскиот Совет, Шарл Мишел.
Филипче: Да се дозволат свадби, се уште е рано да се тргнат маските
„Маските треба да продолжат да се носат и понатаму и се уште е рано да се тргнат како мерка. Угостителските објекти да продолжат да работат само надвор, а по подолго време треба да се дозволат свадби со протоколи во однос на пополнетост на капацитети во надворешни услови, а не и внатре. Евентуално може да се излезе во пресрет на барање за зголемување на бројот на посетители на една маса“, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче пред Арена А1 СЦ „Борис Трајковски“.