Спасовски: Оној што издавал лажни пасоши нема да биде ослободен од одговорност
„Можеби се роднини, но тоа воопшто не е важно, кој и што е. Значи, ниту некого ќе го ослободи од одговорност дали е роднина, дали е припадник на политичка партија, дали е близок до одредени функционери итн. Тоа воопшто не е важно. Тоа е ирелевантно за целава оваа постапка, исто како што не може да го ослободи никој од одговорност тој којшто издавал такви пасоши, а имаме информации дека дал информации некаде на друго место. Одговорност мора да има, нагласи министерот за внатрешни работи,“изјави министерот Спасовски.
Филипче: Ситуацијата и понатаму е сериозна и притисокот врз ковид-центрите е голем
„На редовниот утрински состанок со директорите на ковид – центрите во Скопје ја разгледавме состојбата со пополнетоста на болничките капациети. Иако во изминатите денови има благ тренд на намалување на бројот на приеми, сепак ситуацијата и понатаму е сериозна и притисокот врз ковид – центрите е голем,“ објави на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.
Шахпаска: Развојот на социјалните претпријатија потврда за градење општествено одговорна економија
„Процесот на децентрализација овозможува и поттикнува меѓу општинска соработка во социјалната заштита и развој на нови иновативни социјални услуги. Но, таа предвидува и мултилатерални партнерства кои што претставуваат здружување на институции и организации од јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор кои имаат заедничка цел, заедно да се справат со комплексните и мултидимензионални социјални проблеми,“ истакна Шахпаска.