Од денешните изјави издвојуваме: Власис за раликите меѓу Софија и Скопје, Блинкен за руските кибер напади, Орданоски за мултикултурата во работната средина
Константинос Власис: Атина сака да се надминат разликите меѓу Софија и Скопје
Грчкиот заменик министер за надворешни работи Константинос Власис во интервју за бугарскиот дневен весник „Труд“, вели дека Грција силно ја поддржува европската перспектива на Западен Балкан, позиција што ја потврдија премиерите за време на нивниот состанок минатата година.
Блинкен за Си-Ен-Ен: Русија да запре со кибер нападите од своја територија
Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, во интервју за Си-Ен-Ен изјави дека Русија мора да престане со кибер нападите за кои Вашингтон вели дека се вршат од нејзината територија. Текстот на интервјуто на Блинкен е објавен на интернет страницата на американскиот Стејт департмент.
Орданоски: Мешањето на култури ја обогатува работната средина
Во бизнисот важат други правила, различни можеби од обичното живеење. Сите имаме обично живеење но во бизнисот има правило дека бизнисот постои за да функционира, да заработува пари, да прави профит. Тоа му е суштината. Во најголема мерка вработените се бираат, јас не знам колку стотици вработени ми поминале низ фирмите итн., во овие триесет и нешто години, меѓутоа основно гледаш дали ќе ја исполни улогата за која е објавено работното место, дали на тоа работно место тој вработен или таа вработена сеедно, ќе биде добар работник, истакна Ванчо Орданоски, сопственик на бизнис во ИТ секторот на јавен настан на ЦИВИЛ на тема „Можеме ли заедно?“.