Забрчанец: Потребна е проактивност, наместо реактивност во борбата со дезинформациите
„Во многу случаи ние први ги споделувавме информациите, а непријателите не следеа споделувајќи реакции со дезинформации. Се разбира, вообичаено се случува спротивното, ние сме тие што реагираат на дезинформација, но кога како Влада информациите ги имаме во наши раце, многу е корисно да ги споделиме јавно, да не ги криеме, туку да бидеме проактивни, транспарентни и да ги споделуваме фактите и информациите со јавноста“, кажа Забрчанец, што се поврзува со изјавата од неговото учество на јавниот настан на ЦИВИЛ „Автопатот со факти, одговорност и решителност наспроти беспаќето на опасните дезинформации“.
Маричиќ: Остануваме партнер во социјалниот дијалог со синдикатите
„Низ годините постоеле ситуации кога Владата и Синдикатот се нашле на различни страни, но стремежот наш отсекогаш бил и ќе биде да има партнерски однос со синдикатите. Дури и кога не се согласуваме за одредени работи, успеваме низ конструктивен и искрен дијалог да дојдеме до заедничко решение и да постигнуваме договори, бидејќи интересите на работниците треба да се на прво место“, изјави министерот за правда Бојан Маричиќ во своето обраќање на настанот по повод јубилејот 30 години Синдикат на УПОЗ.
„Она што е важно при разгледувањето на ревизорските извештаи е да премине во навика, да постои високо ниво на единственост помеѓу различните политички опции, да биде објективно при што ќе биде ирелевантно кој е носител на извршната власт или на која политичка опција припаѓа определен избран функционер, односно независно од тоа кои партии се на власт, а кои во опозиција, пристапот во третирањето на ревизорските извештаи треба да биде униформен, објективен, транспарентен со високо ниво на стручност во читањето, разбирањето и одлучувањето по ревизорските извештаи од страна на пратениците“, истакна претседателот на Собранието Талат Џафери на денешната онлајн промоција на твининг проектот во Европската куќа во Скопје