„Jас разбирам дека ви е криво, дека сте ги пропуштиле сите можни шанси во 11 години, разбирам дека знаете колку губите, дека сте провидни со вашите политики. Јас разбирам дека знаете дека ќе изгубите и на следните избори заради провидноста на ваквите ваши лицемерни политики, им порача премиерот Заев на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ на прашање поврзано со почеток на преговорите со ЕУ и блокадата на Бугарија.
„Ако сме за ЕУ тогаш работиме за ЕУ и, ако целиот свет вели дека сме исполниле се и дека сме пример и за европски вредности, европски манири, европски односи, за сè, а само Бугарија е причината за следните наши чекори за интеграцијата во ЕУ, ама посочувате прст спрема ова Влада, тоа е недозволиво и заради тоа лицемерие ќе губите на изборите, оти народот знае сè“, им порача премиерот Заев на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кои постојано му дофрлуваа и го прекинуваа од место за време на одговорот на пратеничко прашање.
„Сведоци сте дека во Влада се зборува албански јазик, секој ден во Собранието се зборува албански, како и во канцеларијата на претседателот на државата, но најважно од се е дека од употребата на албанскиот јазик, како придобивка од Охридскиот рамковен договор не изгуби никој, најмалку изгубија Македонците, напротив се добија многу полојални заедници, многу полојални граѓани затоа што колку е полојална државата кон граѓаните и заедниците, толку се полојални граѓаните и заедниците кон државата, нагласи Груби.
„За мене ова не е обична билатерална посета, бидејќи во мојот пасош како место на раѓање секогаш пишува Скопје, јас сум родена во Скопје, го поминав детството, летував со дедо ми и баба ми во Скопје. Поврзана сум со овој град, поврзана сум со ова место“, рече меѓудругото Гервала-Шварц на заедничката прес-конференција со шефот на дипломатијата Османи.