„Во претстојниот период, нашиот фокус е на подготовка на нов Закон за потекло на имот, како и подготовка на нов Кривичен законик. Најзначајно, Северна Македонија работи на воведување на концептот на дигитална судница, а во наредниот период ќе дигитализираме околу 200 судници во државата“, истакна министерот за правда, Бојан Маричиќ, кој преку видео-врска се обрати на 30 – тата сесија на Комисијата за спречување на криминал и кривична правда на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (УНОДЦ).
Пендаровски: Проширувањето на ЕУ мора да продолжи во пост-ковид Европа
„Проширувањето на ЕУ мора да продолжи во пост-ковид Европа. Историските прашања немаат ништо заедничко со процесот на европската интеграција. Регионалната соработка е клучна за побрз напредок на земјите од Западен Балкан“, напиша Пендаровски на Фејсбук по повод учеството на десеттиот јубилеен состанок на Процесот Брдо-Бриони во Словенија.
„Денеска е Меѓународниот ден против хомофобијата, трансфобијата и бифобијата. Убав ден да застанеме во заштита и да им оддадеме почит на сите што ги бранат и промовираат правата на припадниците на ЛГБТИ заедницата. Да порачаме дека во борбата за еднакви можности, без оглед на сексуалната ориентација или родовиот идентитет, секој може да го даде својот придонес“, вели Заев.