„Ги осудуваме немилите изолирани настани на етничка и била која друга основа. Владините политики за еднакво општество на рамноправни граѓани се покажаа како успешни и тоа се рефлектира во односите помеѓу сите заедници во земјата, во насока на изградба на кохезивно општество на сите граѓани интегрирани во НАТО и ЕУ. За изолираните инциденти го повикуваме МВР и Јавното обвинителство да го расветлат случајот. За конкретниот случај ќе стапиме во контакт и ќе разговараме со градоначалникот на општина Кочани и општествените локални лидери со цел да дадеме придонес за целосно почитување на правата на сите граѓани во земјата и да се стави крај на дискриминацијата по сите основи“, одговорија од Кабинетот на министерот за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби на неколкуте прашања на ЦИВИЛ поврзани со етнички мотивираните инциденти во Кочани во кое мета на радикални структури е ромската заедница.
Заев: Истрагата треба да ги даде резултатите за случајот со Рашковски
„Прво е Државен завод за ревизија, второ е Антикорупциска комисија која ја има под мониторинг Владата, на крајот се истражните органи, Јавното обвинителство, судовите. Постојат контролни механизми, сигурно има и други институции надлежни во однос на јавните институции. Така и за генералниот секретар. Тој не е ни повеќе ни помалку од останатите. Се прават редовни, но и ад-хок контроли. Во Владата многу често е присутна контрола за економски криминал, зашто јавноста бара, присутна е контрола за организиран криминал, а постојано истражува и Антикорупциска“, истакна Заев, одговорајќи на новинарско прашање по посетата на американската компанија „Кемет Електроникс“.
Филипче: Владините претставници веројатно ќе се вакцинираат по велигденските празници
„Владините претставници се пријавени на сајтот Вакцинација.мк, така што кога ќе пристигнат првите поголеми количини, пред се мислам на кинеските вакцини, за кои најавено е дека ќе стигнат на 28 април и ќе бидат дистрибуирани ширум државата, за во вторник веднаш после празникот Велигден да започне вакцинацијата со тие вакцини и мислам веќе ќе бидат на ред и други институции кои спаѓаат во делот на критичната инфраструктура“, рече Филипче.