• Latest
Фото МИА

Кабинетот на Груби во одговор на ЦИВИЛ: Ги осудуваме немилите настани, го повикуваме Јавното обвинителство да постапи…

April 23, 2021

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Кабинетот на Груби во одговор на ЦИВИЛ: Ги осудуваме немилите настани, го повикуваме Јавното обвинителство да постапи…

April 23, 2021 10:58
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Фото МИА

Фото МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Во врска со етнички мотивираните инциденти во Кочани во кое мета на радикални структури е ромската заедница, ЦИВИЛ испрати прашања до повеќе институции на 19 април:

Кој е вашиот коментар во врска со нарушените односи, тензиите и инцидентите меѓу македонската и ромската заедница во Кочани? Што ќе преземете Вие и Вашето министерство за да се подобри состојбата меѓу македонската и ромската заедница во Кочани? Дали имате сознанија за слични состојби во земјата? Во што се состојат проблемите и што преземате Вие во врска со тоа?

Прашањата беа испратени и до Министерот за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, кој воедно е и прв вицепремиер. Одговор стаса од Кабинетот на Груби на 22 април, во 18 часот. Го пренесуваме во целост:

Ги осудуваме немилите изолирани настани на етничка и била која друга основа. Владините политики за еднакво општество на рамноправни граѓани се покажаа како успешни и тоа се рефлектира во односите помеѓу сите заедници во земјата, во насока на изградба на кохезивно општество на сите граѓани интегрирани во НАТО и ЕУ.

За изолираните инциденти го повикуваме МВР и Јавното обвинителство да го расветлат случајот.

За конкретниот случај ќе стапиме во контакт и ќе разговараме со градоначалникот на општина Кочани и општествените локални лидери со цел да дадеме придонес за целосно почитување на правата на сите граѓани во земјата и да се стави крај на дискриминацијата по сите основи.

Тимот на ЦИВИЛ го посети Кочани на 21 април и се сретна со градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев кој вети дека нема да дозволи да се нарушат меѓуетничките односи и секој проблем ќе го решава со дијалог и разговор.

Организацијата остро го осуди насилството во општина Кочани побара од институциите веднаш да го расчистат случајот и секој што е инволвиран да добие соодветна казна.

Одговор на прашањата сѐ уште се очекува од Министерството за труд и социјална политика, Дарко Стојчевски, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Кочани и од независниот советник Венко Крствски кој на својот Фејсбук профил за инцидентите напиша „око за око, заб за заб“.

 

Б. Јордановска

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ