ЦИВИЛ најостро го осудува ова однесување на политички и други структури во земјава, особено ова што се случува во општина Кочани е изблик на еден краен расизам и националистичко дивеење кое едноставно мора да престане. ЦИВИЛ бара од институциите веднаш да го расчистат случајот и секој што е инволвиран да добие соодветна казна.
„Институциите мора веднаш да преземат најостри и итни мерки да ги санкционираат организаторите и поттикнувачите на ваквото однесување. А тие што малтретираат деца на таков брутален начин како што видовме на снимката, мора да бидат земени на одговорност. Ваквото однесување во целата земја, а така и во општина Кочани, мора да престане! Сите институции како и граѓанското општество мора да преземат итни мерки да го санкционираат, односно да го отфрлат ваквото однесување. Ја повикуваме јавноста да го осуди ваквиот чин на брутално однесување кон децата, а секако да ги осуди и сите изрази на расизам и екстремен национализам во земјата“, истакна Џабир Дерала од ЦИВИЛ.