Заев: Го запрашав Борисов како сите настанале од Адам и Ева само Македонците од Бугарите?
„Смешен е проблемот со Бугарија. Тие кажуваат дека ја прифаќаат реалноста за македонскиот идентитет и јазик, но бараат да ги видат корењата. Со Бојко Борисов кога сум разговарал и ќе ме праша како го сфаќате вие тоа со корењата јас одговарам ‘по науката сите сме настани од мајмуните, а по религијата сите сме од Адам и Ева и како тоа само Македонците да се од Бугарите или обратно во цел свет?’“ кажа премиерот Заев во неговото гостување на „Утрински брифинг“.
Османи: Се надеваме дека протерувањето на рускиот дипломат нема да влијае на нашите односи со Русија
„Се надеваме дека нашата одлука за прогласување на еден руски дипломат за пресона нон грата, нема да влијае врз односите меѓу Северна Македонија и Русија… Оваа одлука не е поврзана со нашите односи со Руската Федерација, иако се случува во услови како да се солидаризираме со нашите сојузници во врска со некои однесувања на Русија“, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи во врска одлуката на МНР за протерување на дипломатот од земјава.