„Го слушаме и го прифаќаме и повикот на деловните луѓе од регионот – ‘помалку историја, повеќе економија’, за доброто и за иднината на граѓаните. Нашата цел за интегриран регионален пазар носи дополнителен раст на БДП во регионот, бидејќи поврзани сме посилни. Тоа го го прави Западен Балкан попривлечен, поконкурентен и поблиску до пазарите на ЕУ“, кажа премиерот Зоран Заев на Економскиот форум за регионална соработка кој се одржува во Скопје.
Рама: Она што ќе го правиме во ЕУ утре, почнуваме да го правиме денес и тука во регионот
„Овој регион не може да продолжи да е заложник на минатото, поделени сме ситни. Сакаме да се проектираме кон иднината преку оваа иницијатива која не измислува ништо ново. Она што ќе го правиме во ЕУ утре, почнуваме да го правиме денес и тука во регионот.
Зошто би требало ние да чекаме затворени во нашите граници свртени грб со грб еден спроти друг како што тоа се случувало во минатите 500 години, бидејќи на крајот на денот оној момент кога ние ќе се интегрираме во ЕУ ќе го правиме токму ова што го правиме овде без ЕУ“, изјави премиерот на Албанија Еди Рама во воведното излагање на Регионалниот економски форум во Скопје.
„Сите оние работи за коишто многу лесно ги наоѓавме недостатоците едни на други, со многу леснотија наоѓавме причини за меѓусебни кавги. И кога разговаравме за ова сметавме дека би било многу добро за сите оние кои што ни се најблиски, а Србија и Албанија никогаш не биле толку многу блиски, но сите имавме различни проблеми, меѓутоа решивме од гледање во минатото, доаѓаат, на нашите деца. Во минатите две години развиваме една искрена доверба помеѓу нас во смисла на развивање на односите кон регионот, кон ЕУ и кон светот. Ние сите сме на европскиот пат, меѓутоа не сме ниту глупави ниту наивни да веруваме дека некој ќе работи во полза на нашите земји доколку ние тоа самите не го правиме. Затоа е особено важно за луѓето во нашите земји да им покажеме како во Албанија, така и во Северна Македонија и во Србија дека сме во можност и способни сме самите да одлучуваме за себе, да го подобруваме животот на нашите граѓани, да одиме на нашиот европски пат, да работиме со сите, но да не чекаме дека некој ќе не води и насочува. Спремни сме да ја земеме судбината во свои раце и да работиме во интерес на нашите граѓани“, истакна претседател Александар Вучиќ.