Изјави на денот: Заев на 100 годишнината од раѓањето на Блаже Конески, Шидер за бугарските пречки, Бектеши пред ЦЕФТА.
Заев: Сѐ дури постои македонскиот јазик ќе постојат и Македонците
2021 е година во знакот на 100-годишнината од раѓањето на великанот на македонската култура – Блаже Конески, како најзаслужен за утврдувањето на македонскиот стандарден јазик. Токму во чест на Џинот од Небрегово, чие дело е светски признато ова одбележување, е дел од Календарот на важни меѓународни јубилеи поддржани од страна на УНЕСКО.
Сѐ дури постои македонскиот јазик ќе постојат и Македонците, сѐ дури постојат Македонците ќе постои и македонскиот јазик. Тие две нешта не можат едно без друго, затоа што тие постоеле, постојат и ќе постојат во убава и нераскинлива симбиоза“, изјави премиерот Заев.
Европратеникот Андреас Шидер денеска на средбата со претседателот на Собранието Талат Џафери, во врска со застојот во евроинтеграцискиот процес поради проблемот со Бугарија, рече дека тоа е во спротивност со европскиот дух и дека не треба да претставува пречка за одржување на првата меѓувладина конференција за почеток на преговорите на Северна Македонија за членство во ЕУ.
Бектеши пред ЦЕФТА: Отстранувањето на пречките во трговијата ќе овозможи просперитет за сите
– Како еден од приоритетите на претседавањето се и преговорите и склучувањето на Дополнителниот протокол 7 за решавање на споровите со кој ќе се создаде правна рамка за решавање и елиминирање на трговските бариери меѓу членките на ЦЕФТА, истакнал Бектеши додавајќи дека во олеснувањето на трговијата со стоки, фокусот ќе биде ставен на взаемно признавање на трговските документи, поедноставување на процедурите и понатамошно усогласување со регулативите и стандардите на ЕУ, изјави министерот за економија Крешник Бектеши на денешната презентација пред генералниот директор на Секретаријатот на ЦЕФТА, Емир Џикиќ и амбасадорите на земјите-членки на ЦЕФТА.