• Latest
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Измени на Изборниот законик по локалните избори, листите со кандидати на СДСМ до 25 август

August 15, 2021

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Измени на Изборниот законик по локалните избори, листите со кандидати на СДСМ до 25 август

August 15, 2021 18:13
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Избори, 2017 (фото: ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Нема да има нови измени на Изборниот законик пред локалните избори на 17 октомври, иако партиите подолго време разговараа за нив. Ова денеска го најави премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев од Кривогаштани, каде што присуствуваше на увид на изградба на регионален пат.

Повикувајќи се на разговор со претседателот на Собранието Талат Џафери, во кој претседателот на Собранието го информирал дека со последните измени со отисок од прст и со измените на ОБСЕ/ОДИХР, премиерот Заев информираше дека законот ќе остане таков каков што е, за да нема замерки дека се прави нешто во „пет до 12, а притоа тоа би било само блокада на законското решение“.

Законското решение ги потврдува поволностите на независните листи, значи прагот останува ист, ги дава сите досегашните можности на конституирање на кандидатските листи за советници и градоначалници, ја зголеми транспарентноста и одговорноста заради вградените препораки од ОБСЕ/ОДИХР,  првпат ќе се гласа со отисок од прст во државата што е гаранција за фер и демократски избори и верувам дека таков исчекор ќе продолжиме и натаму да правиме, рече Заев од Кривогаштани.

Оние други измени кои останаа, како што кажа, а се по препорака на ОБСЕ, на опозициските партии и на дел од медиумите ќе останат да бидат вградени во Изборниот законик по изборите.

Партиите ги усогласуваат ставовите, но не можат да ги усогласат сите ставови, пред се, како што кажа Заев, заради реакциите што ги има од страна на Левица, дел од владејачките и дел од опозициските партии

Конечна е одлуката на Парламентот, јас само ја споделувам последната информација од претседателот на Парламентот со кој имав можност да поразговарам во петокот додека славевме 20 години Охридски рамковен договор, нагласи Заев.

СДСМ, следната недела, најдоцна до 25 август, ќе ги соопшти кандидатите за градоначалници и советници за локалните избори.

Во однос на поддршката на кандидати на ДУИ и другите партии на Албанците на изборите, тој кажа дека со ДУИ имаат финален договор дека ќе се поддржуваат во првиот или во вториот круг, во зависност од кандидатите.

Не сакаше да коментира околу кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи, како што кажа, тие го дематирале она што било објавено во јавноста, така што ќе чека официјално да бидат соопштени нивните имиња.

Tags: Зоран Заевизборен закониклокални избориСДСМ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ