• Latest

Израел им забранува на Евреите да ја посетуваат џамијата Ал Акса до крајот на Рамазан

April 11, 2023
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Израел им забранува на Евреите да ја посетуваат џамијата Ал Акса до крајот на Рамазан

April 11, 2023 19:13
in ВЕСТИ, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

На еврејските посетители и туристи ќе им биде забранет влез во комплексот на џамијата Ал Акса во Ерусалим до крајот на светиот муслимански месец Рамазан, се вели во денеска објавеното соопштение од кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Минатонеделниот насилен упад на израелската полиција во Ал Акса, која сакаше да ги протера Палестинците од таму, резултираше со ракетни напади врз Израел од Газа, Либан и Сирија, објави Ројтерс.

По една година ескалација на израелско-палестинското насилство, тензиите се особено високи оваа година бидејќи Рамазан и Пасха се совпаѓаат.

Израелската Влада и претходните години им го забрани влезот на немуслиманите во комплексот во последните 10 дена од Рамазан, кој треба да заврши на 20 или 21 април.

Но, екстремно десничарскиот израелски министер за безбедност Итамар Бен-Гвир повика оваа година забраната да не се воведува.

Тензиите продолжија и денеска кога двајца Палестинци кои отворија оган врз израелски војници беа убиени во северниот дел на Западниот Брег.

Израелската армија објави дека отворила оган и „неутрализирала двајца вооружени напаѓачи“ кои од своите возила пукале во правец на воената позиција и еврејската населба Илон Море, лоцирана во близина на палестинскиот град Наблус.

Во потера по останатите осомничени војниците во реонот, откриени се повеќе парчиња оружје, меѓу кои и две пушки М-16, се наведува во военото соопштение, во кое се истакнува дека меѓу војниците нема повредени.

Западниот Брег, палестинска територија, беше окупиран од Израел во 1967 година. Таму денес живеат речиси три милиони Палестинци, како и 490.000 еврејски доселеници. Тие живеат во населби кои ОН ги сметаат за нелегални според меѓународното право.

Г. Т.

Tags: Ал-АксавлезевреизабранаИзраелПалестинцитензииџамија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ