Израелските трупи се повлекоа од коридорот Нецарим – воена зона што го отсекува северниот дел на Појасот Газа од југ, објави Би-би-си, пренесува ЦИВИЛ Медиа.
Стотици Палестинци во автомобили и на колички натоварени со душеци и друга стока почнаа да се враќаат во северна Газа по повлекувањето – често во сцени на целосно уништување.
Повлекувањето на Израел е во согласност со договорот меѓу Израел и Хамас за прекин на огнот од 19 јануари, според кој досега се ослободени 16 израелски заложници и 566 палестински затвореници.
До крајот на првата фаза од прекинот на огнот за три недели, се очекува да бидат ослободени 33 заложници и 1.900 затвореници. Израел вели дека осум од 33 се мртви.
Подготви: Д. Мишев