Израел може да го ликвидира сирискиот претседател Башар Асад и да ја собори неговата Влада, доколку Иран ја употреби територијата на Сирија за да изврши напад врз еврехсјата држава.
Ова денеска го изјави израелскиот министер за енергетка Јувал Штајниц истакнувајќи дека Израел досега не се мешал во сириската граѓанска војна. – Ако сирискиот претседател Башар Асад продолжи да му дозволува на Иран да дејствува на територијата на Сирија, Израел ќе го ликвидира и ќе му го урне режимот, потенцира тој.
– Ако Асад му дозволи на Иран да ја претвори Сирија во воена база против нас, да не нападне од сириска територија, треба да знае дека тоа ќе му биде крајот, додаде Штајниц. (МИА)