Categories

НАПАДИ Израелска војска: Воздушни удари врз екстремисти во Појасот Газа

Израелската војска соопшти денеска дека во текот на ноќта извршила воздушни напади врз позиции на екстремистите во Газа, како одговор на оган од автоматско оружје од палестинска територија, при што беше погодена зграда во израелскиот град Сдерот. 

Војската наведува дека авиони го бомбардирале воениот комплекс и фабрика за производство на оружје во Појасот Газа.

Палестинското Министерство за здравје соопшти дека еден маж се здобил со рани од шрапнел, но не наведе каде се наоѓал во моментот на нападот. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email