• Latest

Извештај на ЕК од скринингот: Високо ниво на усогласеност на македонската статистика со европското законодавство

August 17, 2023

Србија на раскрсница: Кога лидерот станува систем, а изборите борба за спас

October 4, 2026

КОЈ ЈА ПРЕЗЕМА МОЌТА ВО БАНКИТЕ: Капиталот, политиката и врската Скопје – Белград

October 4, 2026

Удбашка култура: Модел на владеење што го надживеа системот

October 4, 2026
Александар Вучиќ, 27 септември 2026 (фото: ФБ/А. Вучиќ)

Србија пред избори: Вучиќ со Арена и „странски служби“, студентите од врата до врата

October 4, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Одбрана, мир, сигурност

October 4, 2026
Днипропетровск, 3 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Нови воздушни напади, жестоки борби и цивили заробени меѓу гладот и мините во Олешки

October 4, 2026
Студентски протести, Франција, 3 октомври 2026 (фото: скриншот, Facebook / Be Social Observer)

Франција пред нов бран ученички и студентски протести, најавен голем протест за 6 октомври

October 4, 2026

Условот е познат со години, Брисел само го повтори: Зошто Мицкоски е незадоволен?

October 3, 2026

КОЈ И ЗОШТО САКАШЕ ДА ГО УБИЕ КИРО ГЛИГОРОВ? 31 година прашања без одговор

October 3, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Извештај на ЕК од скринингот: Високо ниво на усогласеност на македонската статистика со европското законодавство

August 17, 2023 12:26
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Официјална статистика на Република Северна Македонија има постигнато високо ниво на усогласеност со европското законодавство и меѓународните стандарди е оценката на Европската комисија содржана во нацртот на Извештајот од скрининг процесот на Кластер 1 – Фундаментални вредности во делот на Поглавјето 18 – Статистика.

Како што соопшти Државниот завод за статистика, Поглавјето 18 – Статистика, беше разгледувано на објаснувачкиот состанок со претставниците на ЕК – Евростат на 16 септември 2022, а потоа во ноември (14-15) се одржа билатералниот состанок со Евростат во Луксембург.

Она што го забележува Европската комисија и што го препорачува, наведуваат од ДЗС, е алокација за соодветни ресурси за да се постигне целосна усогласеност со европското законодавство. И во оценките на посебните домени на статистичка продукција, се наведува понатаму, ЕК констатира високо ниво на усогласеност и препорачува натамошни активности за постигнување на целосна усогласеност, наведуваат од ДЗС.

-Ова е уште една потврда, како што впрочем Европската комисија во последниве пет години констатира и во годишните извештаи за напредокот на Република Северна Македонија, дека Државниот завод за статистика, како главен носител и координатор на Националниот статистички систем, е високопрофесионална институција во рамките на органите на државната управа во Република Северна Македонија, која со право го заслужува епитетот на рамноправен член на европското статистичко семејство применувајќи ги европските принципи и стандарди во работењето како и сите други статистички институции на земјите членки на ЕУ, посочуваат од ДЗС.

Сите овие резултати и високи постигнувања, додаваат од оваа инстуција, се плод на максималната ангажираност и посветеност на сите вработени во институцијата кои постојано целосно се вложуваат за постигнување на поставените цели и покрај сите пречки со кои институцијата се соочува веќе подолг период, а кои, пред сè, се однесуваат на хроничниот недостиг на стручен кадар, недоволните финансиски средства за реализација на статистичките истражувања и за воведување на нови.

-Сепак сме горди и задоволни од постигнатото и со надеж дека на отворањето на Поглавје 18 во преговарачкиот процес со ЕУ, ќе имаме постигнато целосна усогласеност со европското законодавство во областа на статистиката, наведуваат од ДЗС.

Скрининг процесот за Кластерот 1 се спроведеа во периодот од септември до декември 2022 година. Во Кластерот 1 – фундаментални вредности покрај Поглавјето 18 – Статистика се опфатени и: Поглавје 23 – Судство и фундаментални права, Поглавје 24 – Правда, слобода и безбедност, Поглавје 5 – Јавни набавки и Поглевје 32 – Финансиска контрола. 

Tags: ДСЗЕКкластер
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ