• Latest
Џабир Дерала (фото: Биљана Јордановска / ЦИВИЛ)

Извесно е: Сѐ е неизвесно во 2022. Како да се преживее?

January 1, 2022
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ЕДИТОРИЈАЛ

Извесно е: Сѐ е неизвесно во 2022. Како да се преживее?

Краток прирачник за преживување на човекот нападнат од самиот себеси

January 1, 2022 15:00
in ЕДИТОРИЈАЛ, ТОП 5, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Џабир Дерала (фото: Биљана Јордановска / ЦИВИЛ)

Џабир Дерала (фото: Биљана Јордановска / ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Ако на македонските граѓанки и граѓани им беа тешко сварливи изминатите 365 дена, оброците што ќе им ги сервира годината пред нас ќе им бидат неподносливи. Но можеби токму тоа е времето во кое ќе согледаат барем две работи.

  1. Граѓанките и граѓаните одлучуваат, секој за себе, а сите заедно за судбината на општеството и државата. Каде ќе се упати државата среде светските ветрометини, ќе одлучат тие. Одлучуваат и за светот, тоа глобално село како што веќе долго време го нарекуваат.
  2. Поларизацијата, национализмот и корупцијата водат кон надолна спирала од сиромаштија и насилство, неизвесност и распаѓање. Дезинформациите, теориите на заговорот и говорот на омразата се алатки во рацете на архитектите на злото во светот. Сите останати се губитници – и оние што ги шират и оние што се жртви.

Малку мудрост и смиреност

За да се соочат со ураганот од нови и „напумпани“ стари проблеми, сѐ што им е потребно на луѓето е да се обидат да најдат барем малку мудрост и смиреност. Тогаш ќе сфатат дека не можат повеќе да си го дозволат луксузот да им веруваат на теориите на заговорот и дезинформациите.

Науката нѐ придружува и во најситниот детаљ од секојдневието и тука е за да го продолжи и подобри животот. Институциите, какви и да се, постојат за да му служат на јавниот интерес. Треба да се искористат.

Со право ќе речат дека повеќето институции лошо функционираат и сѐ уште се заробени од неспособноста, неефикасноста и корупцијата. Но институциите се луѓето, истите луѓе што седат во кафулињата среде бел ден (нема место во нив од вработените во администрацијата). Со истите две-три партиски книшки во џебот. И паричник што се полни од даноците и поткупот што ги даваат, кој ако не – граѓанките и граѓаните.

Многумина страдаат на различни начини, токму од тие луѓе во институциите. Точно е и дека административците трошат голем дел од работното време на исполнување на партиските и личните агенди, наместо да им служат на тие од чии пари живеат. Сето тоа е точно, но институциите се единственото прибежиште за луѓето. Сè останато води кон паралелни светови на сенки и криминал.

Малото, кревко кајче, Северна Македонија

Ова мало, кревко кајче, Северна Македонија, ќе издржи само ако сите што се во него сложно ги затнат дупките низ кои навира водата од надојдените реки светски, регионални и домашни проблеми. Нема да помогне само политичката волја за градење успешно (едно) општество (за сите), ако луѓето итаат во лажливата прегратка на докажани арамии и ноторни сејачи на стравот, раздорот и насилството.

Прогресивните луѓе во политиката, медиумите, граѓанското општество и институциите не смеат повеќе да им се додворуваат на националистите. Ако попуштат пред мрачната антидемократска офанзива, нема надеж за никого, дури ни за националистите и антидемократската солдатеска.

Светот е на работ на хаосот

Според дел од светските аналитичари, светот е на работ на хаосот. Ќе бидат потребни мудрост, смиреност, зрелост, наука, па и среќа, за да се избави од мрачните перспективи. Ѕвецкање на оружјето се слуша на сите страни во регионот и во светот.

Сиромаштијата и гладта ќе останат секојдневни придружнички на сè поголем број луѓе. Климатските промени ќе донесат нови неволји. Пандемијата ќе трае.

Сајбер заканите, енергетската криза, мигрантите, вакцините и злоупотребата на демократските институции ќе се усовршат како оружје на хибридната војна.

Година на можности

Од друга страна, пред нас е година на безброј можности. Понатамошната дигитализација на секој аспект од животот ќе даде можности за развој на нови бизниси. Стекнувањето на нови знаења ќе биде овозможено со нови и достапни алатки и платформи.

Неограничени се можностите да се заработува онлајн, со работа од дома. Дигиталното поврзување и трговија со услуги и добра со целиот свет е веќе одамна реалност што носи огромна заработка, а во претстојниот период ќе се развива уште повеќе.

Вештачката интелигенција (ВИ) ќе доживее нов квантен скок во развојот. Со сите опасности што се кријат во развојот на ВИ, таа во себе крие непрегледни можности и потенцијал за развој.

Социјалниот капитал…

Многу побрзо се урива отколку што се гради. Поевтино е да се уништи, отколку да се создаде. Корист од уништувањето имаат само малкумина. Од дезинформациите и теориите на заговорот профитираат оние што не им мислат добро на луѓето, туку само себеси и на својата банда.

Социјалниот капитал што го создаваат прогресивните политичари, интелектуалци, медиуми и организации, ќе создаде и можности за создавање и зголемување на реалниот капитал. Не обратно. Одењето во обратна насока ќе донесе само уште повеќе неизвесност и тензии.

Изгледа неверојатно, но тоа е единствениот пат кон надминување на големите предизвици. Преку негување, почитување и практикување на европските и зелените вредности до развој. Тие што ја научија оваа лекција, бележат успеси, тие што мислат дека сите одговори се во економијата – пропаѓаат.

Да се остане човек

Во годината во која единствената извесност е дека ќе биде исклучително неизвесна, секој има можност да придонесе кон изградбата на подобро општество. Но само ако луѓето се солидарни и отворени кон соработка и здружување. Луѓето одлучуваат, колку и да мислат дека се безначајни. Впрочем, пропагандистите успеваат благодарение на инфериорноста на луѓето, нивното чувство на немоќ и безначајност. Зошто да им се дозволи тоа?

За 2022 година пресудни се неколку едноставни „позиции“. Еднаквост и правичност, мир и безбедност, респект и соработка. Лесно е да се запомни, малку потешко е да се постигне, но е единствениот начин да се остане човек и да се живее достоинствено.

Среќно!

 


Сите права се задржани.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ