• Latest

Извештај за полициско постапување за локалните избори 2017

December 21, 2017
Џабир Дерала (фото: Рилинд Сулејмани)

Војна на бројките – власта брои успеси, опозицијата брои лаги, земјата тоне

September 14, 2026

Теророт на рускиот агресор врз Украина: За една недела 2.100 дронови, 1.700 наведувани бомби и 78 ракети

September 13, 2026

Со кое право барате отчет?

September 13, 2026

Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

September 13, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Комуњарски-вмровци

September 13, 2026

Да не ги увезуваме и туѓите стравови

September 13, 2026
Марш за слобода, Приштина, 12 септември 2026

Десетици илјади на „Маршот за слобода“ во Приштина – собир што ги надмина партиските поделби

September 12, 2026

Бурни 12 дена во светот на вештачката интелигенција: Нова генерација модели и глобални предизвици

September 12, 2026
Одеса, 12 септември 2026

Продолжува рускиот терор против цивилите: Одеса под масовен напад, повредени 35 лица, меѓу нив и петмесечно бебе

September 12, 2026

Американската пошта развива избрзан и дефектен систем за гласачките ливчиња по наредба на Трамп, предупреди свиркач

September 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Извештај за полициско постапување за локалните избори 2017

December 21, 2017 15:25
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Постапувањето на полицијата за време на локалните избори 2017 е тема на истражувањето на Форум за истражување на безбедосни политики „Секуритас“ што денеска го презентираше пред граѓанските организации и припадниците на Министерството за внатрешни работи.

За потребите на истражувањето  „Секуритас“ користел избори од ДИК, МВР, ЦИВИЛ -Центар за слобода и други граѓански организации и надлежни институции.

Користејќи го веб сајтот civil.org.mk и медиумската платформа civilmedia.mk  на ЦИВИЛ, како и на другите релевантни извори, „Секуритас“ изготви анализа за полициското постапување од распишувањето до затворањето на избирачките места и објавнување на конечните резултати, вклучувајќи го прегласувањето на едно избирачко место по вториот круг во Чаир.

За да ја објасни работата, но и ефикасноста на полицијата во тек на изборниот циклус, Секуритас известува за објавените случаи на ЦИВИЛ за изборни нерегуларности што се базираат на извештаи од набљудувачите.

Како дел од нивната анализа за полициско постапување во изборна кампања го спомнуваат убиството на Алит Абази, кандидатот носител на независна советничка листа од Кичево, нападот на градоначалникот Елвис Бајрам во Шуто Оризари, како и нападот на пејачот Шкодран Толај додека снимал спот за градоначалникот Фатмир Дехари, во Кичево.

Исто така, во овој дел спомнат е инцидентот со Никола Груевски кога за време на митинг беше испрскан со спреј.

Како ресурс за изборно мониторирање, со акцент на полициското постапува, информациите, наодите и извештаите на ЦИВИЛ, „Секуритас“ се повика и во делот со изборниот молк и зборните денови во двата изборни круга.

„Според ЦИВИЛ, забележано е дека полицијата била достапана и доволно мобилна за навремено реагирање и интервирање на пријавите на граѓаните во текот на изборниот молк“, стои во извештајот. Понатаму, „Секуритас“ ги забележува и случаите на пречекорување на овластувањата на полицијата на озборен ден.

„… во еден случај набљудувачка од ЦИВИЛ била задржана и легитимирана од полицијата, додека била на должност во близина на едно избирачко место во Општина Шуто Оризари“.

Во делот од анализата за полициско постапување по затворање на избирачките места до објавување на конечните резултати, се нотира случајот, за кој известуваше ЦИВИЛ, врз информации од своите набљудувачи во Свети Николе, за физички напад врз млади членови на СДСМ од припадник на МВР.

Препораките се однесуваат координација за прочистување на Избирачкиот список, полициската улога во административните постапки за издавање документи, полицско присуство и партнерство, одговорност и транспарентност, обуки на полциските службеници, како и набљудување и контрола на постапувањето на полицијата за време на избори.

Секуритас со своето обемно користење на изворите на ЦИВИЛ, само ја потврдува релевантноста на самата организација во изборното мониторирање.

Биљана Јордановска

Tags: анализаполициско постапувањеСЕКУРИТАСЦивил
Share19TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ