• Latest
Насилен упад во Македонското собрание, 27 април 2017.

Ја гледам денес парадата на протестите…

April 27, 2023

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Ја гледам денес парадата на протестите…

Ако некој мисли дека Заедно, препознатлив продукт на ДПМНЕ ќе запре на разумна точка пред моментот кога веќе не ќе може ништо да се поправи, е или наивен или безразложен оптимист. Управувавни со далечинско, водачите на Заедно, видливите и невидливите, се во еден дервишки танц на мрморење и вртења во круг

April 27, 2023 09:59
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА
Насилен упад во Македонското собрание, 27 април 2017.

Насилен упад во Македонското собрание, 27 април 2017.

Share on FacebookShare on Twitter

СЛОБОДАН УНКОВСКИ

Ја гледам денес Парадата на протестите Заедно као проба за Граѓанската војна: Напред багери за кршење на вратата на Собранието, потоа црни тетовирани командоси скриени во маскираните, без регистерски броеви и со загадочна содржина минибуси и автобуси, спремни за завземање на Собранието, и зад нив една нејасна маса, не претерано бројна, но нахранета со омраза и апатија, одработува хипнотизирана, желна за крв, или да и помине денот.

Зошто ви се потребни багери, та никој нема да ве запре да влезете во собранието, Трајко лично ќе ви ги отвори вратите, ќе го опаша оружјето и ќе тргне по ходниците во лов и линч на пратениците од мнозинството.

Еден ден кога граѓанската војна сепак ќе заврши, сеедно со чија победа, а јасно е дека нема да може да има победник, кога ќе заврши и третата балканска војна, зошто судирот овде не може да остане локален, после повеќе месеци или после повеќе години, Македонија ќе биде распарчена, а паркот Жена борец, како и другите паркови по Скопје, па и оној тревник пред собранието, полни со тазе гробови на скопјани. Нема да има потреба од попис, лесно ќе се пребројат преживеаните! Тоа го сакате, кон тоа се стремите? Тоа ви кажува вашиот разум, вашето семејство, вашите деца, вашите учители, вашата писменост? Тоа ви го кажува вашиот единствен живот што го имате?

Сакате ли да гледате како гори зградата на ЕВН, Собранието, како скопските населби и разноразни згради / руски, рoмaнски, отвараат дупки на погорните катови, како виснал Камениот мост пресечен со граната на средината, како се уриваат четириесет катницте во Аеродром, како трчаат избезумени окрвавени деца по скопските булевари во потрага по своите родители, како се одлеваат колони бегалци преку Сончевиот град и преку Водно кон посигурните зони, како со голема брзина се движат по градот истрошени камиони и од маслинестото обоени сандуци делат калашњикови без селекција, како е напуштена испразнетата и оgrabena зграда на Банката на Македонија. Сакате да примате телеграми во кои командата на народните бригади ќе ви јави дека некој ваш загинал? Мислите ли дека злите работи ќе им се случат на некои други луѓе на некои други места, а дека вие сте сигурни независно што скандирате по улиците Чиста, чиста Македонија, независно што ги срушивте институциите на држава што треба да ве одбранат? Сакате да го горите паркетот од дома и книгите ако ги имате за да зготвите нешто ако најдете за јадење, за да се згреете?

Не потценувате ne нас другите, и си мислите дека тоа што не нема е заради слабост или страв? Или си велите македонците ќе мораат да одат со македонците, албанците со албанците? Сакале, нејќеле.

Овде е веќе умрен здравиот разум, логиката, спомнувањето на фактите е навреда, а носење на војнички кошули станува моден тренд.

Ако некој мисли дека Заедно, препознатлив продукт на ДПМНЕ ќе запре на разумна точка пред моментот кога веќе не ќе може ништо да се поправи, е или наивен или безразложен оптимист. Управувавни со далечинско, водачите на Заедно, видливите и невидливите, се во еден дервишки танц на мрморење и вртења во круг во кој ја изгубиле свеста за сопствената позиција и одговорност а уживаат во лажната слава на денот, несвесни, се плашам, за сопствената минливост и за местото што ги чека во шифоњерот со искористени трикови на нивната партија.

Тоа го сакате? Тоа е израз на вашиот тн. патриотизам?

Извор: Глобусмагазин.мк

Tags: 27 априлвмроВМРО - ДПМНЕкрвавиот четвртокпатриотизам
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ