• Latest
Фото: Архива

Јаглеродните траги од израелската војна врз Газа го надминува оној на цели земји

May 31, 2025

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО ГАЗА

Јаглеродните траги од израелската војна врз Газа го надминува оној на цели земји

May 31, 2025 11:28
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ВОЈНА ВО ГАЗА, СВЕТ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Фото: Архива

Фото: Архива

Share on FacebookShare on Twitter

Јаглеродниот отпечаток од првите 15 месеци од израелската војна врз Газа ќе биде поголем од годишните емисии на штетни материи што го затоплуваат планетата од сто поединечни земји, влошувајќи ја глобалната климатска криза, покрај огромниот број на цивилни жртви, открива ново истражување, пишува „Гардијан“.

Студија споделена ексклузивно со „Гардијан“ покажа дека долгорочните климатски трошоци за уништување, расчистување и обнова на Газа би можеле да достигнат 31 милион тони еквивалент на јаглерод диоксид (tCO2e). Ова е повеќе од комбинираните годишни стакленички гасови што ги емитуваат Костарика и Естонија за 2023 година, но сепак нема обврска државите да ги пријавуваат воените емисии до телото на ООН за климата.

Немилосрдното бомбардирање, блокада и одбивање на Израел да се придржува кон меѓународните судски пресуди ја истакнаа асиметријата на воената машинерија на секоја страна, како и речиси безусловната воена, енергетска и дипломатска поддршка што Израел ја ужива од сојузниците, вклучувајќи ги САД и Велика Британија.

Студијата покажува дека горивото за бункери и ракетите на Хамас сочинуваат околу 3.000 тони CO2e, што е еквивалентно на само 0,2% од вкупните емисии на директен конфликт, додека 50% се генерирани од снабдувањето и употребата на оружје, тенкови и друга артилерија од страна на израелската војска (ИДФ).

Согорувањето на фосилни горива предизвикува климатски хаос, со сè посмртоносни и деструктивни екстремни временски настани што принудуваат рекорден број луѓе да мигрираат.

Регионот на Заливот е меѓу најранливите на екстремни временски услови и бавно настанувачки климатски катастрофи, вклучувајќи суша, опустинување, екстремна топлина и непредвидливи врнежи од дожд, како и деградација на животната средина, несигурност на храната и недостиг на вода.

Истражувањето, објавено од Мрежата за истражување на општествените науки, е дел од растечкото движење за повикување на државите и бизнисите на одговорност за климатските и еколошките трошоци од војната и окупацијата, вклучувајќи ја долгорочната штета врз земјиштето, изворите на храна и вода, како и чистењето и реконструкцијата по конфликтот.

Ова е третата и најсеопфатна анализа од тим истражувачи од Велика Британија и САД за климатските трошоци од првите 15 месеци од конфликтот во кои беа убиени повеќе од 53.000 Палестинци, покрај широката штета на инфраструктурата и еколошката катастрофа. Исто така, дава прва, иако делумна, слика од јаглеродните трошоци од другите неодамнешни регионални конфликти на Израел, се наведува во статијата на „Гардијан“.

Севкупно, истражувачите проценуваат дека долгорочните климатски трошоци од военото уништување на Израел во Газа – и неодамнешните воени размени со Јемен, Иран и Либан – се еквивалентни на полнење 2,6 милијарди паметни телефони или работење на 84 гасни електрани во текот на една година. Оваа бројка ги вклучува проценетите 557.359 tCO2e што произлегуваат од изградбата на мрежата на тунели на Хамас и бариерата „железен ѕид“ на Израел во ерата на окупацијата.

Убиствата и уништувањето на животната средина во Газа продолжија кога Израел еднострано го прекрши прекинот на огнот по само два месеци, но наодите на крајот би можеле да помогнат во пресметувањето на барањата за репарации.

„Ова ажурирано истражување ја докажува итноста да се запрат ескалирачките злосторства и да се осигура дека Израел и сите држави се придржуваат кон меѓународното право, вклучително и одлуките на МКС и МСП“, посочи Астрид Пуентес, специјална известувачка на ОН за човековото право на чиста, здрава и одржлива животна средина. „Без разлика дали државите се согласуваат да го наречат геноцид или не, она со што се соочуваме сериозно влијае на целиот живот во Газа, а исто така ги загрозува човековите права во регионот, па дури и глобално, поради влошувањето на климатските промени.“

Д. Т. 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ