„Јас сум противник на било какво менување на Уставот зашто токму знам дека кога ќе го отвориме Уставот тогаш ќе видете после кој ќе влезе внатре и какви тектонски промени ќе доживееме на политички, правен поред во Република Македонија. А сето тоа ќе биде на штета на граѓаните на Република Македонија. “, рече во неговото обраќање на социјални мрежи кандидатот за претседател од редовите на ГРОМ, Стевчо Јакимовски.
Тој посочи дека имаме кандидати кој што велат дека треба да се напушти Отворениот Балкан, па јас и не очекувам дека нешто друго ќе кажат затоа што нивната песна е една, а тоа е ЕУ. Очигледно во политиката се релативно скоро, ниту пак имат идеи ниту пак прочитале за други можни идеи за развивање на Република Македонија.
Тој кажа дека сите земји од Западан Балкан се во иста ситуација дека не држат во предворјето на Европската унија, измислуват нови преговори, нови причини само да не отвориме преговори.
Н. А.