• Latest
Фото: Драган Мишев/ ЦивилМедиа

Јанчева: Загадувањето на воздухот во Скопје останува алармантна тема

January 5, 2023

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Нов бран на руски терор: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Пропаганда под маската на новинарство: OpenAI откри како руски и ирански мрежи манипулирале со медиумите

October 10, 2026

(ИНФОГРАФИК) Банките доминираат на Македонската берза: Пет банкарски акции со над 71 отсто од редовниот промет

October 10, 2026

Шефот на Microsoft AI предупредува: Машините што веруваат дека имаат свест и права може да станат закана за човештвото

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Јанчева: Загадувањето на воздухот во Скопје останува алармантна тема

January 5, 2023 13:21
in ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, ЗЕЛЕНИ ТЕМИ, ОПШТЕСТВО
Фото: Драган Мишев/ ЦивилМедиа

Фото: Драган Мишев/ ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

Загадувањето на воздухот во Скопје останува горчлива и алармантна тема, која директно го засега најскапото нешто – здравјето на скопјани, изјави на прес-конференција, Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на Град Скопје.

Според Јанчева, додека скопјани дишат енормно загаден воздух, локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ ги намали средствата за заштита на животната средина за дури 44 %.

„Во 2022 година во буџетот беа предвидени 88 милиони денари, а за оваа година сумата е речиси преполовена, на само 49 милиони денари.

-Таков е буџетот на Град Скопје којшто со аплауз го изгласаа советниците на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, и во кој парите за заштита на животната средина се намалени за 44 %.

-Ваквото намалување на средствата е сериозен удар врз капацитетите коишто се борат против загрозувањето на животната средина, а со ваковиот пристап на ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска, Скопје уште долго време ќе биде на врвот на најзагадени градови во светот.

-Измина цела година откако локалната власт е во рацете на ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција, заедно со Левица и нивната градоначалничка Арсовска.

-Буквално една година е потрошена на кавги за тендери и провизии, а за загадениот воздух локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата не направи ништо.

-За жал, сите ние скапо ја плаќаме цената за тоа неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ.

-За време на изборите ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска ветуваа низа мерки, Мицкоски ветуваше 100 електрични автобуси, и од тоа не само што нема ништо туку состојбата е драматично влошена.

-Проблемот, односно хаосот со јавниот превоз создаде дополнителен притисок кој директно влијае врз зголемувањето на загадувањето во градот.

-ЈСП е нефункционално, приватните превозници не возат, нема инвестиција во еколошки мерки за транспортот, дури нема ниту времени мерки за бесплатен јавен превоз.

-Сето тоа предизвика да се зголеми користењето на возилата во Скопје, а со тоа да порасне и загаденоста на воздухот.

-Нема ништо од најавуваните 100 електрични автобуси, лично од страна на Христијан Мицкоски.

-Блокирањето на проектот за современ еколошки јавен транспорт во Скопје, познат како БРТ, се покажува како исклучително штетна одлука на ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска.

-ВМРО-ДПМНЕ за трипати ги намали средствата за заштита на животната средина во буџетот на Град Скопје, а реализацијата на програмата за животна средина беше едвај 4 % до третиот квартал на 2022 година.

-Значи едно големо ништо!

-Сериозно беа намалени и парите за субвенционирање на набавката на еколошко греење.

-Нема ниту еден од петте најавувани мега паркови. Хигиената во градот е на најлошо ниво, дивите депонии не само што не се чистат туку постојано никнуваат и нови.

-За жал, скопјани и оваа година може да очекуваат од лошо полошо со ваква неодговорна локална власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, изјави на прес-конференција, Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на Град Скопје.

Tags: Град СкопјеекологијазагадувањеЈанчева
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ