• Latest

Јавноста поделена околу вакцинирањето против Ковид-19, најпреферирана вакцината на „Фајзер“

March 19, 2021
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Јавноста поделена околу вакцинирањето против Ковид-19, најпреферирана вакцината на „Фајзер“

March 19, 2021 11:16
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Постои поделеност меѓу граѓаните во однос на тоа дали сакаат да се вакцинираат против Ковид-19, при што 37 отсто сакаат да се вакцинираат додека 36 проценти експлицитно изјавуваат дека „нема да се вакцинираат, односно дека не сакаат да се вакцинираат“. Речиси една четвртина (23%) се двоумат и би почекале да видат дали вакцинирањето ќе има несакани последици.

Ова се наведува во резултатите од  редовниот бран на ОМНИБУС истражувањето спроведено од БРИМА од 24 февруари до 9 март 2021, наменето за повеќе клиенти, на прашањето „вакцинирањето против КОВИД-19 започна, дали ти лично сакаш да се вакцинираш против КОВИД-19“.

Истражувањето е спроведено по пат на теренска анкета, лице-в-лице во домот на испитаникот, на национално репрезентативен примерок со 1205 анкети на популација од 15+ години во земјава, со кое беа опфатени и две прашања во врска со вакцинирањето против Ковид-19.

Анализата покажува дека 52 отсто од испитаници на возраст од над 55 години сакаат да се вакцинираат, наспроти само 35 проценти од граѓаните на возраст од 35 до 54 години и 24 отсто од анкетираните во старосната категорија од 15 до 34 години.

Според работниот статус на испитаниците, 61 проценти од пензионерите сакаат да се вакцинираат, а кај другите категории – вработените, невработените, домаќинки и студентите процентот се движи во опсег од 21 до 36 отсто. Од друга страна, 41 проценти од испитаниците од урбаните средини сакаат да се вакцинираат, наспроти 32 отсто од оние што живеат во руралните средини.

На испитаниците (освен оние кои јасно се изјасниле дека нема и не сакаат да се вакцинираат) им беше поставено прашањето „со која вакцина би сакал да бидеш вакциниран против Ковид-19?“, при што и по однос на типот на вакцина со која би сакале испитаниците да бидат вакцинирани постои поделеност.

Меѓу испитаниците најмногу преферирана е вакцината на „Фајзер-БиоНТек“ (22 отсто), потоа е руската вакцина Спутник В (17 проценти), 7 отсто би ја преферирале кинеска вакцина, 5 проценти се за „АстраЗенека“ и 3 отсто за „Модерна“. Една четвртина (25 проценти) не знаат со која вакцина би сакале да бидат вакцинирани против Ковид-19, а на 20 отсто им е се едно со која вакцина ќе бидат вакцинирани.

– Ова истражување иницира повеќе дополнителни истражувачки прашања меѓу кои се и зошто помладите во повисок процент не сакаат да се вакцинираат, кои се причините што влијаат за оваа поделеност во јавноста во врска со вакцинирањето, како и во врска со изборот на типот на вакцина, дали се граѓаните доволно информирани за ефикасноста на вакцините – од кои и какви извори на информации и каква е потребата за широка кампања за подигнување на свеста во врска со вакцинирањето и вакцините, наведуваат од БРИМА.

БРИМА спроведува ОМНИБУС истражување четири пати годишно (февруари/март, мај, август/септември и ноември) и е наменето за повеќе клиенти – секој со свој блок на прашања за кои имаат ексклузивно право на користење. Истражувањето е отворено за секој заинтересиран за учество во еден или повеќе бранови

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ