• Latest

Еднакви права за лицата со попреченост

November 28, 2017
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Еднакви права за лицата со попреченост

November 28, 2017 12:53
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Во изминатиот период покажавме дека само со дискусија и со насочување на финансиските средства кон лицата со попреченост и нивните потреби можеме да направиме итни промени“, истакна министерката за труд и социјална политика Мила Царовска пред почетокот на меѓународната конференција „Механизми и структури за имплементација и за следење на имплементацијата на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост – искуства од регионот“ во организација на Националното координативно тело за еднакви права на лица со инвалидност во Република Македонија.

Таа посочи дека во Законот за социјална заштита веќе регулирале одредени работи, а во собраниска процедура веќе е Законот за пензиско и инвалидско осигурување каде дозволуваат семејна пензија кај лица со попреченост кои некогаш имале активен работен однос, затоа што досега немаа право на семејната пензија.

„Знаеме дека здравствената состојба не се подобрува, се влошува и затоа тие треба да имаат право да ја наследат семејната пензија. Навистина е важно дека како ресорно Министерство во делот на социјална заштита, пензии…ќе правиме максимум што можеме, но тука сме да дискутираме и дека во секое линиско Министерство ни е потребен човек одговорен што ќе ги имплементира и здравствените, инфраструктурните, образовните политики за да го добиеме пакетот на услуги и сервиси кои се потребни за оваа група граѓани“, рече Царовска.

Во однос на персоналната асистенција нагласи дека во активните мерки за вработување во 2018 година се предвидува посебна програма за персонална асистенција.

„Оваа година преку јавните работи општините веќе ангажираа персонални асистенти, што значи дека сме во фаза на институционализација на персоналната асистенција, но и имплементираме активности кои ги опфаќаме со различни мерки“, додаде Царовска.

Претседателот на Националното координативно тело за еднакви права на лицата со инвалидност на Република Македонија, Бранимир Јовановски рече дека очекуваат експертите од владиниот и невладиниот сектор од државите од регионот да ги споделат нивните искуства во однос на мониторингот.

„Ние сме свесни дека реализацијата на мерките не може да оди со кенгурски чекори. Битно е дека имаме одлична комуникација со Министерството за труд и социјална политика. Дел по дел работите одат кон подобро барем во комуникацијата. Се надеваме дека може побрзо да се имплементираат некои мерки особено сегментот на пристапност каде буквално е донесена целата законска легислатива која ја тангира оваа состојба, но за жал имплементацијата малку тешко ни оди. Сепак архитектонските бариери се сериозен проблем за овие лица“, рече Јовановски.

Посочи дека личната асистенција бил проект на ЕУ која се спроведувал преку Министерството за труд и социјална политика, кој заврши во јули.

„Имаме најава дека Министерството сериозно планира да ја продолжи таа сервисна услуга, бидејќи се покажа дека таа е од интерес за лицата со инвалидност, додаде Јовановски.

Потпретседателот на Заедницата на сојузи на лица со инвалидност на Хрватска, Марица Мириќ рече дека пример на добра практика кај нив е Законот за сузбивање на дискриминација. Потенцира дека во сите земји пристапноста за лицата со инвалидност е голем проблем, достап до институциите нема, но нешто се работи на градежен пристап.

„Но, кога зборуваме за слепите лица, патеките на водење или можност за комуникација за глувите, тогаш тоа е многу слабо. Хрватска го усвои Законот за знаковен јазик и според тоа глувите лица можат да комуницираат, но се уште не е системски решено на сите нивоа кога се финансира, колку се финансира. Преку проекти, како што се воведени лични асистенти, се воведени и толкувачи на знаковен јазик, па секоја наша организација на глуви може да добие по некој толкувач. Слепите лица добија придружник, а за лицата со телесен инвалидитет и за лицата со интелектуални потешкотии имаме лични асистенти кои им помагаат во активностите на секојдневното живеење“, рече Мириќ.

Појасни дека за учениците имаат помошници во наставата и додаде дека сите овие помошници кои се неопходни како сервис се уште се на проектно ниво и тоа го финансираат преку проекти на ЕУ.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: Бранимир ЈовановскиЕУконференцијалица со попреченостМила ЦаровскаОНправа
Share46Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ