Глобалниот ден на изборите, кој секоја година се одбележува во првиот четврток во февруари, Стручната служба наДржавната изборна комисија оваа година ќе го одбележи со Отворен едукативен ден за граѓаните.
На 1 февруари сите заинтересирани граѓани се добредојдени во просториите на ДИК, каде ќе можат да проследат едукативна презентација преку која ќе се информираат околу остварувањето на своето избирачко право со особен фокус на водењето на Избирачкиот список.
Воедно граѓаните ќе можат да постават и прашања до вработените во Стручната служба на ДИК, а ќе можат да подигнат и едукативен материјал.
Во три термини во текот на денот, и тоа во 11:00, 13:00 и 15:00 часот, заинтересираните граѓани ќе можат да ја проследат едукативната тура во седиштето на ДИК или пак да се информираат околу остварувањето на своето избирачко право во некое од подрачните одделенија и канцеларии.
Претставник на ДИК во 12 часот ќе даде изјава за медиумите, а како што се вели во соопштението, медиумските екипи ќе можат да ги проследат „едукативните тури и да снимаат кадри“ за нивни потреби.
Б.Ј.