Во тек се едукативни работилници за членовите на Општинските изборни комисии и изборната комисија на Град Скопје. Според програмата на Државната изборна комисија вакви работилни се предвидени и за едукација на членовите на избирачките одбори.
Целта на програмата е да овозможи по завршувањето на едукацијата, членовите на изборните органи да бидат способни законските обврски да ги извршат квалитетно, навремено и стручно, членовите на ОИК да бидат способни да ги обучат членовите на ИО кои се во нивна надлежност, на денот на гласањето законските обврски да ги извршуваат квалитетно, навремено и стручно и по завршувањето на едукацијата, членовите на ИО да бидат способни да ги спроведат своите надлежности соглласно законските обврски.
Програмата предвидува сите работилници за ОИК да завршат до 14 септември. Во следната фаза ОИК ќе спроведат едукативни работилници за ИО што треба да завршат до 6 октомври.
Доколку има потреба, по проценка на Државната изборна комисија ќе организираат и дополнителни обуки за членовите на изборните органи.
ЦИВИЛ- Центар за слобода во своите препораки за локалните избори на 15 октомври апелира не само на едукативниот сегмент на изборните органи, туку и на условите за работа и пристапност до ОИК.
Од ЦИВИЛ повикаа на теренска проверка на објектите во кои се сместени ОИК. Според извештаите од претходните изборни циклуси забележано е дека голем број општински изборни комисии се сместени во непристапни простории и без елементарни услови за работа.