• Latest

Египќаните од Балканот – сплотени за поголеми права!

June 23, 2017

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
Запорижја, Украина, 29 јуни 2026 (фото: ДСНС)

Русија со нов масовен напад врз Украина: загинати цивили во Днипро и Запорижја, Кијив бара засилена заштита на украинското небо

June 29, 2026

Мицкоски бара внимание

June 29, 2026
(архивска снимка) Максим Димитриевски на конференција на ЦИВИЛ

Политички дуел меѓу СДСМ и ЗНАМ: Кој е сателит на власта, а кој е во „политички стечај“?

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го обвинува лидерот на СДСМ за молк по објавувањето на дипломатска нота од Бугарија

June 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Египќаните од Балканот – сплотени за поголеми права!

June 23, 2017 14:03
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска во Елбасан, Албанија, се одржува централен настан по повод Меѓународниот ден на балканските Египќани, така што на едно место ќе се соберат балканските Египќани од Македонија, Албанија, Црна Гора, Србија и Косово, во заедничко споделување на културните вредности и заложби. А, утре во Охрид, ќе се одржи годинешното одбележување на Меѓународниот ден на балканските Египќани (24 јуни) во Македонија.

Во домот на културата „Глигор Прличев“ точно напладне ќе биде промовиран документарен филм за животот, културата, културното наследство и движењето за заштита на идентитетот на балканските Египќани во продукција на ТВ Ал Џезеира. На агендата е и богата културно-музичка програма.

Организаторите на настанот „Заедницата на балканските Египќани во Македонија“ и ресенското здружение „Изида 41/21“, кои што ги застапуваат правата на заедницата на Египќаните, го поканија и министерот за култура Роберт Алаѓозовски, да биде дел од чествувањето, за да даде поддршка за долгогодишната борба за подобар живот, препознавање и признавање на балканските Египќани во Македонија.

„На вториот конгрес на Сојузот на балканските Египќани, одржан во 2010-та година во Струга, донесена е одлука 24-ти јуни да се одбележува како Меѓународен ден на балканските Египќани. На овој ден, во 1990 година во Охрид е одржано првото Собрание на една општествено-политичка организација на Балканот, која се  заложи за сочувување на етничкиот идентитет и заштитата на правата на оваа заедница“, објасни Зизо Љамковски, од здружението „Изида“, кој во интервјуто за ЦИВИЛ Медиа, ги истакна токму  напорите на Егишчаните за подобрување на социјалниот и политичкиот статус во заштитата на нивните права, како граѓани во Македонија, и за излез од маргините на општеството.

Зизо Љамковски, здружение „Изида 41/21“

Според организаторите, единствените застапници на правата на Египќаните во Македонија се граѓанските организации коишто повеќе од 20 години посветено работат на промовирање на културните вредности на заедницата и на обединување на младите Египќани од Охрид, Струга, Ресен, Кичево, Дебар, Струмица и другите делови на Македонија, преку неформално образование, личен развој, учество во јавниот живот и процесите на донесување на одлуки.

 

Tags: „Изида“24 јуниЗизо ЉамковскиМеѓународен ден на ЕгипќанитеодбележувањеРоберт Алаѓозовски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ