Еколошка акција за собирање на отпад, реализираа Спортското планинарското друштво „Неготино МКД” и Основното општинско училиште „Страшо Пинџур“, млади планинари и ученици собираа отпад од неколку локации. Спортско рекреативните центри кај салата „Младост” и во населбата „Саат кула”, како и паркот кај градскиот музеј.
– Целта е еколошка животна средина, почисто и поубаво Неготино. Со ваквите акции сакаме да ја подигнеме еколошката свест кај населението, бидејќи човечкиот фактор е еден од оние кои влијаат врз загадувањето на околината, рече Орданчо Бошев, претседател на планинарското друштво.
Околу сто ученици, собраа триесетина вреќи со отпад.
Извор: МИА