• Latest

Еколозите протестираат, Општината одолжува, каменоломот работи…

March 29, 2017

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Нов бран на руски терор: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Пропаганда под маската на новинарство: OpenAI откри како руски и ирански мрежи манипулирале со медиумите

October 10, 2026

(ИНФОГРАФИК) Банките доминираат на Македонската берза: Пет банкарски акции со над 71 отсто од редовниот промет

October 10, 2026

Шефот на Microsoft AI предупредува: Машините што веруваат дека имаат свест и права може да станат закана за човештвото

October 10, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер за желбата за терор и сценариото за уривање на американската демократија

October 10, 2026
Меморијал во близина на домот на Ана Политовскаја, Москва, 2006 (фото извор: Wikimedia)

„Путин не разбира дека луѓето имаат права“: 20 години од убиството на Ана Политковскаја, нарачателите сè уште непознати

October 9, 2026
Патување низ лавиринтот на европскиот сон (илустрација: ChatGPT / ЦИВИЛ МЕДИА)

Случај Северна Македонија: Земја изгубена во лавиринтот на сопствените блокади

October 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Еколозите протестираат, Општината одолжува, каменоломот работи…

March 29, 2017 13:46
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Новиот рудник за ископување на минерални суровини во близина на Битола не ја доби Б-интегрираната еколошка дозвола за работа, до вчерашниот истек на рокот во кој Општина Битола требаше да ја издаде оваа дозвола.

ЦИВИЛ Медиа разговараше со Душко Груевски од здружението на граѓани „За нас се работи“, кое во континуитет го следеше целиот процес за добивање дозволи за изградба на рудник. „За нас се работи“, во изминатиот период одржа повеќе прес-конференции и трибини на кои беше изразена нивната загриженост за негативниот ефект врз животната средина и врз дополнителното загадување на воздухот.

Душко Груевски, „За нас се работи“

„Уште во 2012 година ‘Стентон градба’ доби концесија за геолошки истражувања. Со таа концесија беше предвидено, во период од две години да се направат истражувања и да се произнесат дали ќе бидат концесионери за ископување на минерални суровини. По две години, ‘Стентон градба’ ги доби сите дозволи за градба од надлежните, освен Б-интегрираната дозвола, која треба да ја издаде Општината. Согласно со законот, одговор дали ќе ја добијат таа дозвола, Општината треба да даде во рок од 60 дена. Ние ја следевме целата процедура и апелиравме до Општината да излезат на терен, да се направат потребните анализи и да се изјаснат. Вршевме притисок преку прес-конференции, поднесовме барање за пристап до јавни информации до Општината. Одговорот што го добивме беше само одолжување“, објаснува Груевски како се одвивала целата процедура.

На Комисијата за животна средина, а потоа и на седница на Советот на Општина Битола е одлучено да не се издаде дозвола. Како што велат од Општината, дозволата не е издадена, заради потреба од дополнителни консултации и мислења од Министерството за животна средина.

„Нашиот став е дека целата процедура од Општината е несериозна, во поглед на поднесување на барањето и одговорот што само се одолжува, а за кое време – концесионерот работи. Процесот за давање  дозвола е поедноставен и требаше да се одлучи досега, а не да се врати назад кај Министерството за животна средина. Во ред е Општината да врати на разгледување, но концесионерот во тој период да прекине со работа, што сега не е случај. За цел овој период во кој се чека одговор, концесионерот продолжува со работа. Враќањето на повторно одлучување е беспредметно, затоа што надлежните институции веќе ги издадоа потребните дозволи што се во нивна надлежност“, смета Груевски.

Од „За нас се работи“ уште еднаш потсетуваат кои се главните проблеми за изградба на каменоломот кај месноста „Билбил Камен“.

„Ние сме против затоа што е многу блиску, односно, само на 800 метри до градот и затоа што нема ниедно мерење што покажува дека нема да ја загадува животната средина. Б-интегрираната дозвола, всушност, е анализа на загадувањето при процес, таа дозвола го анализира работењето, додека сите други дозволи се издаваат претходно. Ние сме против некоректниот однос на Општина Битола, против несериозниот однос кон проблематиката“, изјави Груевски за ЦИВИЛ Медиа.

„Најголем проблем е Општината, не концесионерот. На наша трибина што ја организиравме во јули минатата година, концесионерот рече дека доколку се покаже дека работата на каменоломот загадува, подготвен е да го прекине работењето, да ги понесе сите трошоци. Концесионерот работи согласно дозволите. Општината со ова одолжување е таа што му дозволува да загадува“, категоричен е Груевски.

Tags: БитолаДушко ГруевскиЗа нас се работикаменоломконцесијаопштина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ