• Latest

Ердоган во прва посета на Ватикан

February 4, 2018
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Ердоган во прва посета на Ватикан

February 4, 2018 09:38
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на повик на поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско денеска ќе отпатува во дводневна официјална посета на Ватикан.
Канцеларијата за односи со јавноста на турскиот претседател соопшти дека Ердоган и Папата ќе се сретнат во Ватикан и ќе разговараат за билатерални и регионални теми. Во соопштението се наведува дека турскиот претседател ќе се сретне и со ватиканскиот државен секретар, кардиналот Пјетро Паролин.

Главни теми на средбата на Ердоган со папата ќе бидат билатералните односи меѓу Турција и Ватикан, како и регионалната криза, статусот на Ерусалим, ситуацијата во Сирија, проблемите со ксенофобијата и исламофобијата во светот и борбата против тероризмот.

По официјалната посета на Ватикан, Ердоган во Рим ќе има и работен ручек со италијанскиот колега Серџо Матарела, а потоа и со шефот на италијанската Влада, Паоло Џентилони.

Ова е прва посета на еден турски претседател на Ватикан по речиси 60 години. Последен ваква посета оствари третиот турски претседател Џељал Бајар, кој во Ватикан се сретна со папата Јован Дваесет и втори во април 1960 година, кога Турција вопоставува дипломатски односи со Ватикан, а во 1962 година ја отвара и својата амбасада во Светата столица Турција од тогаш ја посетија неколку поглавари на Римокатоличката црква – во 1967 година во земјата допатува папа Павле Шест, во 1979 година папата Јован Павле Втори, во 2006 година папата Бенедикт Шеснаесетти, а во 2014 година – папата Франциско.


Извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: билатерални односиВатиканЕрдоганпосетатурција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ