Руските обиди да и се закани на Литванија со забрана на транзит на стоки во регионот Калининград претставуваат предизвик за Европската унија и НАТО.
Ова мислење го искажа шефот на кабинетот на украинскиот претседател Андриј Јермак на Телеграм, пренесува Укринформ.
„Обидите на Кремљ да и се закани на Литванија се предизвик за ЕУ и НАТО. Сега е важно да се задржи стабилна позиција и да не се прават отстапки за Русија за санкциите и ограничувањата за транзит на стоки од Русија до Калининград. Секоја отстапка ќе биде сфатена од Русија како слабост“, напиша Јермак.
Како што претходно објави Укринформ, Литванија најави суспензија на транзитот до Калининград на голема листа на руски стоки кои потпаднаа под санкциите на ЕУ.
Руското Министерство за надворешни работи го повика литванскиот вршител на должност, Вирџинија Умбразене, остро протестирајќи против одлуката и барајќи итно укинување на ограничувањата.
Во исто време беше наведено дека „Русија го задржува правото да дејствува за да ги заштити своите национални интереси“.
Подготви: Д.Мишев