Кај нас се исто интегрирани деца од ромската заедница, многу убаво се прифатени од сите деца, многу убаво соработуваат, учествуваат во сите училишни активности, во градските активности…Така што нема никаков отпор од страна на другите, вели Жаклина С. Јорданова од ИО „Ластовица“ на јавниот настан „Граѓански дијалози за меѓуетничките односи: Предизвици и решенија“.
Но, сепак, се согласувам со граѓанката дека се работи за возрасните, не кај децата. Секојдневно сме сведоци на беснеење по улиците со нерегистрирани возила, и доколку не може да се казнат со пари, да им се соберат возилата. Претпоставувам дека се знае за кои лица се работи, порача Јорданова.
Д. Тахири
Камера и монтажа: Ариан Мехмети
Фотографија: Дехран Муратов