Со неуспешните обиди за предвремени парламентарни избори во 2022, ВМРО-ДПМНЕ ја продолжува неисполнетата агенда со мало модификување, овој пат тие да се одржат напролет.
Акцентот за големото НЕ за предвремени парламентарни избори, во контекст на изборните реформи, го ставаме на изјавата на Биљана Јордановска, ЦИВИЛ, како дел од мултимедијалниот и медиумски настан „Перспективи 2023“.
„Она што е битно кога ќе се работи на нов Изборен законик е дека не е битна само политичката волја на партиите како главни учесници во изборните процеси, туку да се работи тој да биде пред сѐ во интерес на граѓаните. Ние не броиме гласачи кои би гласале во нивен личен и општествен интерес, туку гласачко тело, како бројка, која е на едната или на другата страна, а се калкулира со онаа бројка што ја претставува неутралата, на која страна таа ќе биде побројна. Од тоа се прават бизниси, па секој изборен циклус имаме и поткуп на гласачи“, истакна Јордановска.
камера: Александар Ризински
монтажа: Ариан Мехмети