• Latest
Биљана Јордановска, ЦИВИЛ/Фотографија: А. Ризински/ЦИВИЛ Медиа

Перспективи 2023: Јордановска за изборите и зелените политики

January 4, 2023

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ

Перспективи 2023: Јордановска за изборите и зелените политики

January 4, 2023 14:20
in ЗЕЛЕНИ ТЕМИ, ИЗБОРИ, ТОП 5, ФОРУМ
Биљана Јордановска, ЦИВИЛ/Фотографија: А. Ризински/ЦИВИЛ Медиа

Биљана Јордановска, ЦИВИЛ/Фотографија: А. Ризински/ЦИВИЛ Медиа

Share on FacebookShare on Twitter

На мултимедијалниот и медиумскиот настан организиран од ЦИВИЛ и интегрираната редакција на Цивил Медиа „Перспективи 2023“, кој се организира секоја година, почнувајќи од 2017 година, се вкрстија голем број ставови, коментари и анализи на состојбите во 2022 година и перспективите во 2023 година.

На еден од  шесте панели на „Перспективи 2023“ што се одржаа на 29 декември, учествуваше и Биљана Јордановска од ЦИВИЛ која дискутираше на темите избори и изборни процеси и зелени политики.

Оценка за 2022 година

„Она што ја одбележа 2022 година, со сите случувања од почетокот на годината, е призвукот на барањето на предвремени парламентарни избори од опозицијата, односно ВМРО-ДПМНЕ. Тие го искористија моментот со настаната економско-енергетска криза наметната од руската агресија врз Украина, гласањето за европскиот предлог за пристапните преговори за членство во ЕУ, ги блокираа законите битни за граѓаните, од кои тие зависеа. Се поставуваше и прашањето кога велат дека работат во интерес на граѓаните, на кои граѓани конкретно мислат“, изјави Биљана Јордановска во контекст на инсистирањето на опозицијата да излезе на избори, нудејќи ги како едно од решенијата за надминување на кризните состојби во земјата.

„Во Извештајот на Европската комисија за нашата земја во однос на зелените политики се препорачува да се работи на зелената транзиција. ЕУ генерално Зелената агенда ја става на високо ниво како една од главните приоритети, не само поради енергетската криза и пренасочување на ресурсите, туку последиците од климатските промени веќе ги гледаме и чувствуваме. Климатските промени и Зелената агенда не е нешто за кое зборувавме само 2022 година, туку е нешто за кое се збори и на кое се работи со години наназад“, изјави Јордановска во контекст на зелените политики.

Таа посочи дека Северна Македонија може да ја искористи циркуларната економија како чекор напред во решавање на зелените прашања.

Перспективи 2023

.„Во 2023 година се надевам дека оптимизмот на Владата ќе опстои, барам во исполнување на „сонот“ на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори. Сепак, кај нас сè е можно. Може да се случи нешто непредвидено што ќе биде тригер што ја ќе поттикне извршната власт да прифати предолг за предвремени парламентарни избори, со оглед на сите они е проблеми што се очекува да не следат и во 2023 година“, смета Јордановска.

Во контекст на изборните реформи, Јордановска истакна дека очекува во 2023 година да се работи на измени во Изборниот законик кој ќе биде првенствено во интерес на граѓаните како гласачи, иако нели првенствено се однесува на учесниците во изборниот процес, односно политичките партии и нивните кандидати за пратеници, градоначалници, советници или пак за претседател на државата.

„Се надевам дека и Министерството за животна средина и просторно планирање и самите пари што се вложуваат од ЕУ фондовите ќе придонесат опипливо да ги гледаме резултатите поврзани со зелените прашања и дека спроведувањето на законите, но и Зелената агенда ќе бидат на видливи. Во 2023 година ќе се посвети многу внимание на зелените политики, барем ЦИВИЛ тоа сигурно ќе го направи, особено на едукацијата“, истакна Јордановска.

Јордановска ја препорача и „Зелената читанка“ во издание на Грин ЦИВИЛ како едукативна и информативна публикација чија цел е, на лесно разбирлив начин, да се придонесе кон подобрување на нивото на знаење и зајакнување на јавната свест за зелените прашања и зелените вредности.

Перспективи 2023 се состоеше од шест панели со повеќе од десет учесници кои се емитуваа во живо на Јутуб видео каналот и на ФБ страницата на Цивил.

 

камера: Александар Ризински
монтажа: Ариан Мехмети


Извор: CivilMedia | Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.
Tags: Биљана ЈордановскаЗелена читанказелени политикиизбориПерспективи 2023Цивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ