„Мирот, слободата и еднаквоста се вредности кон кои стреми светот. Тоа се вредности кои постојано треба да се негуваат, вреднуваат и промовираат.“, вели Биљана Јордановска од ЦИВИЛ, по повод Меѓународниот ден на мирот.
За жал, руската инвазија врз Украина и оваа година фрла сенка врз глобалниот мир. Затоа, на Меѓународниот ден на мирот, треба да посакаме, и да се стремиме нашата борба да биде против вооружените конфликти, против омразата, против насилството, против национализмот. Против сите негативни наративи што го нарушуваат светскиот мир и поредок.
Камера, монтажа и фотографија: Ариан Мехмети