Мултикултурализмот не е проклетство, тоа би требало да биде богатство бидејќи во самата позиција на мултикултурализмот значи дека нокои култури се во некаква противречност, една култура со друга култура. Културата на Ромите, Бошњаците и другите народи версус македонската културата. Богатството на културите е во нивната разноличност, а не во нивната позиционираност на монолитност, дури и на еднобожност. Таа културна традиција која ја гаиме во ова општество, исто така културализмот е важен и за Албанците, значи тие синергии на македонската и албанската култура мора секогаш да се взаемна и да се надополнуваат и да разговараат, истакна активистот Ненад Јовановиќ за ЦИВИЛ Медиа.
Во минатото имавме големи проблеми со една друга власт која секогаш беше насочена кон тој етнички табор „чистокрвен македонски“, додека сегашната влада се обидува да е во синергија со другите култури и тоа е многу важно за мултикултуралниот соживот. Атмосферата во земјава мора секогаш да биде порелаксирана и поопуштена за да може културите без предрасуди една кон друга да соработуваат и да комуницираат.
Ако културите не соработуваат тогаш повторно доаѓа до конфликти до застрување, а ние тоа не го сакаме. Мултикултурализмот и различноста во оваа земја мора да продолжи да се развива и само со таква питома и човечка култура имаме шанси да продолжиме кон нашата и европска интеграција дома и европска интеграција во Европската унија.
Дијана Тахири
текст, камера и монтажа: Дехран Муратов
фотографија: Горан Наумовски