Верувам во елементарната рационалност на нашите политичари да ја повлечат земјата кон прогрес, вели медиа директоротми главен уредник на „Слободен печат“ Мирослав Јовановиќ на панелот „Уставни измени – Исток или Запад“.
Ние како уреднички колегиум или медиум, Слободен Печат, ги поддржуваме уставните измени, затоа што сметаме дека тоа е, за жал, велам за жал, затоа што се одвиваат на начинот на кој се одвиваат, под присила, со внатрешни отпори, меѓутоа, ние немаме друг пат, немаме друга алтернатива. Во денешно време, Европската Унија и нејзините членки, по сите параметри, било за стандард, здравствена заштита, образование, безбедност, сигурност на улица, проценти на криминал итн., е нај просперитетното општество на земјината топка. Ние тежнееме да станеме дел од тој клуб, давањето права на одредена заедница јас го гледам како цивилизациска вредност. Внесувањето на Бугарите и други етнички заедници во Уставот нема да ги намали правата на другите“, вели Јовановиќ.
Една од постапките која треба да се спроведе за да тргнеме конечно кон тој прогрес се уставните измени. Доколку тоа не се направи ќе изгубиме повторно многу време, а го плаќаме времето со некои други сметки. Верувам дека рационалноста ќе надвладее, посочи Јовановиќ.
Тој истакна дека се губи драгоцено време и се надева дека Европската Унија еден ден нема да не симне од листата на настани.
Историскиот контекст и војната во Украина се значајни, но кога во одереден зададен момент нешто треба да се заврши нас тоа не ни оди во прилог, бидејќи секогаш мислиме дека постојано ние можеме да преговараме со Бугарија или со ЕУ и да испаднеме на крај некаков Итар Пејо… Се си има свој временски и историски контекст. Ако се пропушти овој момент ќе се повтори Букурешт 2008 година кога потоа тапкавме во место, а можеше еден проблем да се реши на многу елегантен настан тогаш, рече Јовановиќ.
Д.Т.
Камера и фотографија: Дехран Муратов
Монтажа: Ариан Мехмети