• Latest

Јовановиќ: Корона-кризата негативно влијаеше на прометот и на „Слободен печат“, но нашата веб страница доживеа бум

February 19, 2021
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Јовановиќ: Корона-кризата негативно влијаеше на прометот и на „Слободен печат“, но нашата веб страница доживеа бум

February 19, 2021 17:28
in ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Мирослав Јовановиќ, управител на „Слободен печат“ во интервју, говори за негативното влијание на корона-кризата врз прометот на „Слободен печат“ и воопшто на дневните весници во земјава.

„Печатените медиуми, како насекаде во светот така и во Македонија, се погодени од корона-кризата. Од една страна, тоа е резултат на намалениот промет, а од друга страна од намалените реклами. Порталите, пак, особено во ова „ново време“, кога секој пребарува информација повеќе, како за пандемијата, така и за други содржини за кои сега има повеќе време во однос на нормалните услови на живеење, доживуваат поголема експанзија, но од економска гледна точка, тоа не е придружено со поголеми приходи“ – вели Јовановиќ.

За разлика од опаднатиот промет, открива Јовановиќ, интернет платформата на весникот доживува вистински бум.

– Во време кога сме ограничени со секакви препораки за заштита од пандемијата, луѓето повеќе се ориентирани кон веб-страницата и можам да се пофалам дека тука имаме бум со порталот Слободен печат, во смисла на број на посети и прегледи – вели Јовановиќ.

Но, интересот за содржините на порталите не е следен со интересот на огласувачите, затоа што во време на пандемија тие се соочени со свои тешкотии и со кратење на трошоците. Како најтешки месеци во однос на закупот на рекламниот простор, било да е тоа во печатениот медиум или на порталот, се покажале април и мај минатата година.

За владините мерки за поддршка на весниците, Јовановиќ вели дека се задоволни, наспроти критиките дека тоа може негативно да влијае на нивната објективност. Аргумент за тоа е дека уредувачката политика воопшто не е променета, што може да се заклучи од следење на содржините во весниците кои добиле државна помош, што беше дел од владините мерки за справување со економските последици од корона-кризата.

Тој ја коментира и даночната политика, како и потребата од понатамошен развој на електронската продажба.

– Различните даночни стапки звучат малку парадоксално, можеби тоа треба да се „исполира“, да се доведе во иста линија, земајќи предвид дека продаваме идентичен производ. Останува да разговараме за ова со претставниците на Владата, да објасниме за што станува збор. Засега ова е незначителен износ, но иднината на медиумите ја гледаме во електронската продажба и затоа треба да се отпочне тој разговор, но еве тоа нека остане за некои подобри времиња – вели Јовановиќ.

извор: СЛОБОДЕН ПЕЧАТ

ФБ видео

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ