По повод одбележувањето на Светскиот ден на слободата на медиумите, ЦивилМедиа побара изјава од познатиот новинар Борјан Јовановски.
„Новинарството во нашата земја може да се гордее со придонесот во една голема битка против досега најголемиот непријател на слободата на медиумите – Никола Груевски и неговиот режим. Сега е голем предизвик да се осигура извесна иднина во која нема да има простор за било кој политичар или партија да го врати тоа зло повторно во институциите“ – вели Јовановски.
Според Јовановски, пред македонските медиуми се исправени бројни предизвици.
„Теренот сè уште е подложен за таква опасност и пред нас е можеби најтешкиот предизвик – интегритетот на секој од нас, како и на ЗНМ, кое ги застапува нашите интереси. Еден од предизвиците во борбата на обезбедување на пристојно окружување во кое работиме е и регулирање на односите со сопственичките структури кои го потценуваат новинарството во социјална, но и етичка и професионална смисла. Патот до вистинска слобода на медиумите сè уште е многу долг“ – предупредува Јовановски.