• Latest

ЈП „Државни патишта“ за шест месеци од патарини собрале 55 милиони денари повеќе од лани

July 6, 2018
Скопје

Скопје меѓу ноќните „спектакли“ и сметот: Како изгледа градот кога камерите ќе стивнат

September 24, 2026
Кијив, 24 септември 2026 (фото: ДСНС)

Додека светските лидери во ОН бараат прекин на огнот, рускиот агресор одговори со нов бран на терор врз Украина

September 24, 2026
Доналд Трамп, ОН, 22 септември 2026 (скриншот, видео пренос на ОН)

Трамп во ОН со груб речник и доктрината „Америка пред сè“: Воена сила, затворени граници и отфрлање на глобалните правила

September 23, 2026
Фадил Пушколи (фото извор: ФБ профил)

Случајот Пушколи повторно го отвора прашањето за српските потерници: Интерпол, Косово и ризикот од политичка злоупотреба

September 23, 2026
Кијив, 23 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Дронови врз железничка инфраструктура, станбени објекти и бензински пумпи во Кијив, Крим на агендата во Њујорк

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026
Олександар Левченко

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Мирот е добредојден како чувство – станува неудобен како барање

September 23, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

ЈП „Државни патишта“ за шест месеци од патарини собрале 55 милиони денари повеќе од лани

July 6, 2018 12:10
in ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) во првото полугодие од 2018 година остварило зголемен приход од патарини за 55 милиони денари или 5,3 проценти повеќе во споредба со истиот период од 2017 година.

Како што информира директорот на ЈП „Државни патишта“, Зоран Китанов, на прес-конференцијата во Владата, тоа се должи на зголемениот интензитет на сообраќајот и подобрата организираност на патарините.

– За десетина дена очекувам да почне да функционира електронската наплата на патарините и тоа во прво време на Коридорот 10. Во моментов подготвени се патарините кај Романовце, Сопот и Отовица. Се прават напори и за патарината кај Кавадарци, но со надградување на постоечкиот софтвер. Од септември ќе се работи и на патарините на Коридорот 8, рече Китанов.

Китанов информира и дека ЈП за државни патишта во вториот квартал од годинава има остварено инвестиции во вкупен износ од околу 2,2 милиони денари, односно 36 милиони евра што е за 9,8 милиони евра повеќе во споредба со истиот период лани, односно зголемувањето е за 37 проценти.

Инаку, со околу 20 милиони евра буџетски средства и со средства на ЈПДП, нагласи дека веќе се работи на рехабилитација на регионални патишта во должина од 230 километри.

– Со 86 милиони евра средства обезбедени од Европската банка за обнова и развој се планира рехабилитација на 26 патни правци во должина од 422 километри. Со 14 милиони евра од Светска банка се работи на рехабилитација на 13 патни правци во должина од околу 150 километри. Дел од проектите ќе бидат завршени оваа година, дел ќе бидат започнати, но еден дел се очекува да бидат комплетирани во различни временски интервали следните неколку години, рече Китанов.

Инаку, како што претходно објави Владата, само за оваа година обезбедени се вкупно 270 милиони евра за изградба на нови патни правци, за комплетирање на започнатите инфраструктурни проекти и автопати, како и за реконструкција, рехабилитација и заштита на регионални патишта, а во план е со овие средства да се работи на повеќе од 60 патни правци во земјава во должина од 800 километри.

Запрашан во врска со тоа колку дополнителни средства ќе бидат потребни за целосна реализација на патот Кичево – Охрид, Китанов рече дека во моментов нема точна сума, но преговорите се во тек и очекува таа да биде позната за десеттина дена. (МИА)

Tags: ЈП „Државни патишта“патариниповеќе од ланисобрале 55 милиони денаришест месеци
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ