Околу 23 часот (10 март), во близина на студентскиот дом на Сава во Загреб одекна силна експлозија која ги вознемири жителите на околните згради, објави хрватски Јутарњи. Управата за вонредни ситуации веднаш излегла на местото на настанот, а според првите информации од очевидци и официјални лица се чини дека се работи за некаков авион. Исто така, пожарникарите добиле дојава за пронајден падобран на дрво.
Полицијата и пожарникарите беа на терен и веднаш го оградија просторот околу големата дупка во асфалтот. Улицата „Јарунска“ и паркингот се полни со крш, а има и оштетени автомобили.
Според непотврдените изјави на очевидци, но и од видеото кое го доби Јутарњи лист, на местото каде што се случила експлозијата се гледаат делови од авион.
Според читатели на порталот, експлозијата се слушнала до загрепска Трешњевка, во центарот на Загреб. До редакцијата на Јутарњи стасале и сведоштва дека нешто паднало од небо на само 30 метри од еден од павилјоните на Студентскиот дом „Стјепан Радиќ“.