Северна Кореја распореди дополнителни трупи во Русија, но обемот на контингентот не беше веднаш познат, објавија во четвртокот јужнокорејските медиуми, цитирајќи ја тамошната разузнавачка агенција, објави Ројтерс, пренесува ЦИВИЛ Медиа.
Дополнителните војници се испратени на боиштата во руската област Курск, се вели во извештаите.
Руските сили се борат против украинските трупи кои ја преминаа границата во регионот на западна Русија.
Канцеларијата на портпаролот во Националната разузнавачка служба (НИС) не одговори на телефонските повици кои бараа коментар.
Северна Кореја распореди повеќе од 11.000 војници во Русија за да се борат во војната во Украина, претходно соопшти НИС. Украина и западните експерти велат дека руските сили користеле и севернокорејско оружје.
Северна Кореја официјално не ја призна својата воена поддршка за Русија во војната во Украина.
Подготви: Д. Мишев