ЦИВИЛ – Центар за слобода побара одговор од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија за наводите во јавноста за индикациите дека претседателот Ѓорге Иванов може да посегне по инструментот аболиција на дел од обвинетите што учествуваа во крвавите настани што се случија на 27 април во Собранието.
„Како до сега, така и од сега, не кометираме вакви инфромации“ – е официјалниот одговор од Секторот на односи со јавноста од Кабинетот на претседателот Иванов. „Тоа се лажни вести“ – додадоа од таму, кога конечно организацијата успеа да ги добие.
Во очекување на потврда или демант ЦИВИЛ претходно излезе со соопштение во кое ја искажа загриженоста од евнетуалните планови за аболиција, оценувајќи дека ваквиот чекор на претседателот Иванов би бил противзаконски и целосно неприфатлив.
Во случај наводите за можна аболиција на обвинетите да се вистинити, ЦИВИЛ соопштува дека ќе ги повтори барањата за оставка на Иванов од функцијата Претседател.
Биљана Јордановска