• Latest

Кадриу: Оставката на претседателот, не е законска кочница за формирање влада!

January 19, 2017

Безглави агенти

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Словенија на четири референдуми: Пораз за законот на Јанша, поддршка за построги социјални мерки и неизвесност за јавниот сервис

October 12, 2026

Kога боксовите и клоците се во полициска униформа – кој ќе ги штити граѓаните?

October 12, 2026
Харкив, 11-12 октомври 2026 (ДСНС)

Трамп прогласи енергетско примирје, рускиот терор продолжи – загинати цивили и нови напади врз Украина [ДОПОЛНЕТО]

October 12, 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Кадриу: Оставката на претседателот, не е законска кочница за формирање влада!

January 19, 2017 19:11
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Македонија нема да се продлабочи политичката криза, доколку се остварат политичките хипотези за евентуална оставка на претседателот на државата, Ѓорге Иванов и доколку мандатарот Никола Груевски не успее до 29- ти јануари да состави нова влада. Оставката на претседателот Иванов, не е круцијална за доделување на мандатот на друг мандатар. „Законски пречки, нема“, тврди професор д-р Осман Кадриу, во интервјуто за ЦИВИЛ Медиа.

ЦИВИЛ Медиа: Што ќе се случи доколку претседателот на државата Ѓорге Иванов поднсе оставка, како што се шпекулира во јавноста, а порталот „Тетово денес“  на албански јазик, излезе и со такви информации во јавноста?

КАДРИУ: Ова е за мене новина, која што апсолутно нема логика, нема ни уставна основа, ни законска… Зошто да поднесе оставка претседателот на државата, која би била причината? Ако тој поднесе оставка, а нема друго лице кое во улога на претседател треба да определи друг мандатар, како што е по редот на нештата, тогаш, ако се успее да се постигне некаква коалиција меѓу политичките партии кои имаат пратенички мандати, се разбира, парламентарно мнозинство, тогаш тоа, ќе бара да се свика продолжение на конститутивната собраниска седница и на таа седница ќе се избере претседател на Собранието.

ЦИВИЛ Медиа: Кој ќе ја преземе улогата да биде претседавач на продолжението на оваа конститутивна седница на Собранието?

КАДРИУ: Конститутивната седница ќе се смета за завршена кога ќе биде избран претседателот на Собранието. Во оваа ситуација, седницата треба да ја свика досегашниот претседател на Собранието, Трајко Велјаноски, иако неговиот мандат измина со денот кога се верифицирани мандатите на новите пратеници. Ако тој не сака да го свика продолжението на оваа седница, тогаш има друга опција. На 21-от ден, откако ќе измине рокот сегашниот мандатар да формира нова влада, тогаш, пратениците сами ќе закажат седница и ќе изберат претседавач кој ќе раководи до изборот на претседател на Собранието. Значи, пратеничките групи кои ќе имаат мнозинство во парламентот сами ќе се соберат, а за претседавач ќе го изберат највозрасниот пратеник во новиот состав. Првин ќе изберат претседател. Според Уставот иако, при оставка на претседателот е прекината оваа алка, сепак, има вакво решение.

ЦИВИЛ Медиа: Во ваква ситуација, кој ќе го врачи мандатот на новиот мандатар?

КАДРИУ: Тоа значи дека Собранието ќе гласа и ќе донесе одлука, така што, мандатот согласно со Уставот и со законот, ќе биде предаден на следниот мандатар. Излезно решение мора да има и не смее да се дозволи да има кочници. Ќе беше проблем, само доколку не се верифицираа мандатите на новоизбраните пратеници, ако не се прифатеше извештајот. А, сега извештајот е прифатен, така што Собранието може полноправо да одлучува и Собранието мора да работи. Но, претседателот на државата во овој момент не треба да поднесе оставка!

Оставката е морален чин на секој функционер, па и на претседателот на државата. Меѓутоа, има и едно друго правило, во правото има една максима која вели: „Сé може во секое време, но не и во невреме!“ Во овој момент, ако се поднесува оставка е – невреме! Не смее во овој миг, кога имаме една крупна политичка задача, во која влегува и партиципира и претседателот на државата, тој да поднесе оставка! Тој е еден од политичките субјекти за избор на владата, покрај парламентот и другите ешалони. Во овој миг, не би требало да поднесе оставка. Тоа би било крајна уставна неодговорност!

Моника Талеска

Tags: Ѓорге ИвановНикола Груевскинова владаОсман КадриуоставкаЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ