Министерството за правда ги демантира информациите дека набавило кафемат во вредност од над еден милион евра.
Станува збор за грешка на веб-страницата на Бирото за јавни набавки, кое по реакција на Министерството е коригирана, велат од Министерството.


Кафематот за кој се пишува дека чини над милион евра е добиен од истата фирма на користење без надомест, односно Министерството нема трошоци за него и ќе биде вратен по истекот на договорот. Вредноста не мора да биде искористена во целост доколку вредноста на доставеното кафе е помала од истата, односно колку ќе се потроши толку ќе се плати за една година, при тоа да не се надмине износот од договорот, посочуваат од Министерството.
Но, и покрај демантот од Министерството за правда, сепак на социјалните мрежи, особено на Твитер, од „штабските кафемати“ продолжи да се „вари“ лажната вест дека Министерството за правда набави кафемат од над 1 милион евра. Меѓу тие што ја споделуваат лажната вест се и Богдан Илиевски познат на Твитер како Бетмен велит, Шефот, Дорчо, Курвин Водењак, Фортификација, Марга, МаќеТо итн.
Покрај профилите што шират лажни вести и дезинформации, имаше и такви кои споделуваа дека се работи за грешка, и дека кафематот не чини милион евра.
Дезинформациите имаат за цел да влеваат недеоверба во институциите. И покрај брзата реакција на Министерството за правда дека се работи за грешка, сепак не ги спречи одредени профили на Твитер да продолжат да ја шират лагата.
Д.М.




























































