• Latest

Како Чеченецот Кадиров го „реши“ Зеленски, и други закани

May 27, 2022
Никица Корубин,  магистер по археологија и историчар на уметноста, поранешна пратеничка(Фото: ЦИВИЛ)

Корубин: Чувари на демократијата се граѓаните, кои постојано инсистираат на системот, а рушители на демократијата се оние кои го практикуваат системот со авторитарна свест

October 15, 2025

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата на Левица со која се оспоруваат точки од Упатството за радиодифузерите за локалните избори

October 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Што пропушти да каже Урсула фон дер Лајен за состојбата со медиумите на балканските лидери?

October 15, 2025
Фотографија: Влада на РСМ

Мицкоски на средба со фон дер Лајен: Државата очекува од ЕУ јасна и конкретна посветеност

October 15, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Три дена пред изборите – Кандидатите и политичките партии меѓу ветувања, судир на интереси и суптилната кинеска „мека моќ“

October 15, 2025
Панел-дискусијата “Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност - Предизвици и решенија“, 9 октомври 2025, Скопје (Фото: ЦИВИЛ)

Дебата на ЦИВИЛ: Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија

October 15, 2025

Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

October 15, 2025
Фото: Фејсбук

Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

October 15, 2025

ЦИВИЛ ја отвори дебатата за демократското назадување и улогата на граѓаните како чувари на демократските процеси

October 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Зацврстување на кинеската „мека моќ“ во Северна Македонија: Преку образованието, ИТ и TикToк до влијание врз изборите

October 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Како Чеченецот Кадиров го „реши“ Зеленски, и други закани

May 27, 2022 10:54
in АНАЛИЗИ, ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Чеченскиот лидер, верен поддржувач и извршител на рускиот претседател Владимир Путин, Рамзан Кадиров, со своите простачки коментари и закани, со кои стана рол модел кај овдешните путинисти, повторно ги запали страстите кај руски пропагандисти од овие простори.

Најновата закана Кадиров и ја упати на Полска, преку видео објавено на Твитер, во кое чеченскиот лидер вели дека „прашањето за Украина е затворено“, а следно е Полска.

По Украина, ако ни се даде команда, за шест секунди ќе ви покажеме за што сме способни, вели Кадиров во видеото.

Poland, Ramzan Kadyrov has set his eyes on you

(with subtitles, including all ‘dons’ for purposes of accuracy) pic.twitter.com/nSOq9BNQjn

— Francis Scarr (@francis_scarr) May 25, 2022

Тој им порачува на Поqаците да си го вратат оружјето. Полска е една од земјите во Европа која и достави на Украина голем број оружје за да се одбрани од руската инвазија.

За инцидентот што се случи на почетокот на овој месец кога рускиот амбасадор во Полска, Сергеј Андреев беше нападнат со црвена боја на Денот на победата, Кадиров ја упатува Полска да моли за прошка.

Молете, официјална прошка за она што му го направивте на нашиот амбасадор, вели Кадиров.

Заканите се начин на комуникација на Кадиров, дури стануваат и негов заштитен знак. Но, барем досега, тие се покажаа како безначајни и неостварливи.

За потсетување, Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, на 21 април, се закани дека до ручек ќе имаат целосна контрола над Азовстал.:

 Пред ручек или после ручек, Азовстал ќе биде целосно под контрола на силите на Руската Федерација, рекол тој во аудио порака објавена доцна вечерта на 21 април.

Оваа закана не се оствари, бидејќи Кадиров на успеа да влезе во челичаната Азовстал, украинските борци го бранеа Азовстал, до нивното предавање 38 дена подоцна по заканата и прогласената „победа“ на Кадиров.

Кадиров, и два дена предходно, на 19 април, напразно се закани дека украинските борци кои се уште се борат во Мариупол ќе бидат „сотрени“ до крајот на денот.

На радост на сите оние кои чекаат мир и стабилност во Украина, денеска,, со помош на Семоќниот, ќе ги сотреме Бандеровците (украински националисти)  во Мариупол и целосно ќе го окупираме Азовстал, напиша Кадиров на Телеграм. Оваа закана секако остана неостварена.

Чеченскиот моќник Рамзан Кадиров, на 19 Април  му се закани на Володимир Зеленски  и рече дека мисли оти украинскиот претседател има сериозно ментално растројство, и во аудио порака објавена на неговиот профил на Телеграм вели „Ќе завршиме со вас еден од овие денови“.

Поздрав до сите. Овде прочитав дека Зеленски најавил подготвеност да се бори 10 години. Ајде, немаме толку време. Ќе завршиме со вас еден од овие денови. Имате шизофренија, мислам, вели Кадиров во аудио снимката.

Но, „Еден од овие денови“ од заканите на Кадиров никако не доаѓа.

Чеченскиот лидер, Рамзан Кадиров, во видео-пораката објавена рано изутрината на 11 април, преку платформата „Телеграм“ упати закана дека „целосно ќе ги ослободи (источните региони Луганск и Доњецк“)…а потоа ќе ги преземе Киев и сите други градови.

Ве уверувам дека нема да има ниту еден чекор назад“, кажа Кадиров.

Заканата на Кадиров за заземање на Киев заврши неславно,  руските агресори целосно се повлекоа од околината на Киев, а он што го оставија зад себе беше ужас и масовни злосторства врз цивилното население.

Досега, како „воени успеси“ на Кадиров и неговите борци, може да се смета малтретирањето на цивилно население во окупираните области, каде мобилните патроли од кадировистите приведуваат и проверуваат луѓе кои се движат по патиштата од Мариупол кон Бердјанск и Запорожје, како и „акцијата“ на борците на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, испратени да се борат во Украина, застрелаа неколку руски војници во областа Запорожје, кои се побунија поради неплаќањето на ветените пари и одбија да се борат.

Драган Мишев

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    160 shares
    Share 64 Tweet 40
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ