ЦИВИЛ објави повик до сите заинтересирани полнолетни граѓанки и граѓани да аплицираат за краткорочни изборни набљудувачи. Крајниот рок за пријавување е 10 јули, на полноќ. Голем број квалитетни апликации се веќе пристигнати, но сè уште има слободни места за набљудувачи од целата земја, но особено од општините надвор од скопскиот регион.
Членови на тимови на меѓународни или домашни набљудувачки мисии, партиски функционери и активисти вклучени во изборната кампања, кандидати на изборите и членови на телата на Државната изборна комисија (членови на ДИК, ОИК, избирачки одбори и слично) немаат право на учество на овој повик.
Особено важно е да се напомене дека четворица од пријавените кандидат-ки ќе бидат селектирани како ДОЛГОРОЧНИ МОБИЛНИ НАБЉУДУВАЧИ, кои ќе му се приклучат на постојаниот тим за мониторинг на ЦИВИЛ. Дополнителните долгорочни набљудувачи ќе започнат со работа два месеци пред одржувањето на првиот круг на изборите. За нив ќе се организира посебна обука.
ЦИВИЛ објави одговори на најчесто поставуваните прашања од заинтересираните да аплицираат за позиција на краткорочни изборни набљудувачи на ЦИВИЛ.
Аплицирањето е крајно едноставно, апликацијата се пополнува за неколку минути и од телефон. Доколку имате прашање, не се двоумете да се јавите на 02 / 520 91 76, секој ден од 9 до 17 часот или напишете порака на нашата ФБ страница или мејл: [email protected]
ЦИВИЛ го спроведува мониторингот на изборите како дел од проектите „Европски перспективи, следно ниво“, финансиран од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија, како и „Граѓански објектив“, финансиран од Националната фондација за демократија од САД.
ЦИВИЛ